Никогаш не вели ‘Еден ден’ – 20 тајни на животниот успех

Овие совети можат да ви помогнат да ги совладате препреките или да се помрднете еден чекор поблиску во постигнувањето на своите соништа.

1. Не мора да се обидувате да бидете добри во се’ – пронајдете ја својата сила и страст и фокусирајте се на таа енергија.

2. Вашиот утрински ритуал го поставува тонот за се’ што доаѓа, затоа внимателно дизајнирајте и проверете дали е позитивно, здраво и продуктивно.

3. Ако не можете да донесете големи одлуки во животот, тоа е веројатно затоа што сеуште не го дефиниравте своето крајно одредиште.

4. Не велете ‘еден ден’ – одредување на конкретниот датум или временскиот оквир е единствен начин да се осигура успех.

5. Кога ви се чини дека нешто тргнало на лошо, запрашајте се- ‘што е подарок во оваа ситуација за мене?’ И предизвикајте се секој пат да напишете барем еден одговор.

6. Ако сте под стрес поради работи кои не се важни, пишете за тоа барем 5 минути, а потоа искинете ја хартијата без да го прочитате.

7. Слушајте го своето тело за да сфатите што добро функционира во вашиот живот, а што не. Чувството на напнатост, стегање и среќа се поврзани со работи кои ја снижуваат вашата вибрација- но кога треба вашето тело да е лесно, брзо и флексибилно, правите нешто што ја зголемува вашата вибрација.

8. Една недела запишувајте се’ она за што другите ви се благодарни. Кога ќе го погледнете пописот, ќе ги видите своите јаки страни и таленти кои често ги земате здраво за готово, добивајќи дополнителен увид во вистинската смисла.

9. Нема ‘вистински начин’ на реагирање при загуба. Било да тагувате за личност, однос или прилика, секој пат ќе биде поинаку. Дозволете да биде така и бидете сочувствителни кон себе.

10. Секој пат почувствувајте потреба нешто да промените и запрашајте се дали може навистина нешто да промени. Ако не, обидете се да отпуштите и фокусирајте се на нешто на што можете да влијаете.

11. Кога себеси ќе се фатите како зборувате ‘што ако’? и создавате сценарија на катастрофа, ќе се предизвикате себе да генерирате најдобри можни сценарија. Често се тие многу веројатни и со фокусирање на нив помагате да се претворат во стварност.

12. Избегнувајте грешка во размислувањето дека сте вие вашето однесување. На пример, вие сте личноста која се однесувала мрзливо, бидејќи не ги следевте принципите на здрава прехрана- но вие не сте мрзлив човек. Оваа врста на преобликување ја нагласува вашата моќ да промените нешто.

13. Ако сте неинспирирани или немотивирани, обидете се да го разместите мебелот во вашата канцеларија или куќа за моментална промена на перспективата.

14. Ако сакате почитување, пронајдете нешто вредно во другата личност и фокусирајте се на тоа (во вашиот ум) додека разговарате со неа. Подсвесно ќе го искомуницирате вашето почитување и ќе го привлечете за возврат.

15. Останувањето во зоната на удобност нема да доведе до ништо друго освен до просечност. Обидете се да пронајдете барем еден од начините да излезете од таа зона секој ден.

16. Престанете да велите ‘треба’ и почнете да кажувате ‘сакам’. Тоа го менува цел фокус на енергија, поттик и оптимизам, па истовремено се оддалечувате од обврски, притисок и вина.

17. Практикувајте да бидете сами и научете како вистински да уживате во своето друштво.

18. Наместо да ги одложувате работите кои ве загрижуваат, веднаш направете ги. Тоа ве ослободува од напнатост и ви го поттикнува чувството на олеснување во иднина.

19. Ако сакате нешто, знајте дека мора нешто да направите за да го добиете. Во секој случај прифатете ја подршката на семејството, пријателите, колегите дека не можат да го ‘поправат’ вашиот живот наместо вас.

20. Повремено изолирајте се од вести или одредете временско ограничување на изложеност. Важно е да се биде известен за случувањата во светот, но да не смета во вашиот живот.

извор: Atma

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: