Вашиот живот ќе се промени штом ќе престанете да чекате

Често ни зборуваат дека треба да научиме да чекаме. Дека се’ има свое време, само седете и чекајте. Треба да бидете трпеливи, бидејќи добрите работи им доаѓаат само на оние кои знаат да го задржат мирот и да чекаат. Од една страна, тоа е вистина. Но, од друга страна, често таа идеја за ‘чекањето’ ја носиме до крајни граници. Имено: својот живот го префрламе на ‘пауза режим’. Истовремено, не забележуваме многу навистина важни работи, пропуштаме прилика за прилика- зафатени сме со ‘чекање’!

Според истражувањата, младите посебно нешто ако сакаат, тоа сигурно го сакаат ‘сега и овде’. На повеќето од нас едноставно ни недостасува краткотрајно трпение. Меѓутоа, се случува спротивно- со оглед на идни изгледи и постигање на цел, знаеме да се претвориме во трпеливи ‘чекачи’ – речиси со децении да дојде нашиот ‘вистински момент’. И ова е најголема грешка.

Факт е дека промените во животот се случуваат дури кога ќе престанете да чекате и кога ќе почнете во потполност да живеете во сегашниот момент. Односно, тогаш кога своите очекувања ќе почнете да ги ‘прилагодувате’ на стварноста. Треба да бидеме активни протагонисти на она што се случува овде и сега, а не ‘еден ден’. Мора да создаваме сопствена стварност, да се ‘слика и украсува’ секој ден, да се исполни со нови мисли, емоции и идеи. Не чекајте, живејте и уживајте во секој момент! И што е најважно- направете го тоа денес!

Кога чекањето е доброволен избор

Некои од нас, цело свое постоење го претвораат во вечно чекање, за кое можете со часови да сонувате и замислувате како еден ден се’ ќе биде прекрасно, но всушност- тие ништо не прават и не постигнуваат ништо. Другите не сакаат да чекаат ниту минута повеќе, па доволно трчаат во пресрет на своите цели. Тоа е поради фактот дека сме сите различни. Ако кај некои одлагање и потреба за чекање на предизвика иритација и очај, другите се прилично среќни и задоволни, нешто во стилот: ‘Каде да се брза?’Сеедно се’ ќе се оствари!

Овој последен пристап исполнет е со најголема опасност која се нарекува одоговлечување. Тоа е систематско одложување на задача која треба да се заврши. Имајте на ум дека овој социолошки и психолошки феномен не е секогаш поврзан со мрзливост. Одоговлечување е навика на одложување на работи, очекувајќи дека некако се’ ќе се реши на вистинско место и во вистинско време.

Но, запомнете: ништо во животот не доаѓа само од себе. Да, понекогаш добиваме среќна карта, а судбината ќе ни укаже неочекувана среќа. Но, тоа се случува толку ретко (и не на сите) дека е повеќе од наивно да се очекува такво нешто. Во иднина нема ништо да падне од небо, ако не превземеме иницијатива и не превземеме одговорност за она што се случува.

Престанете да чекате, почнете да се однесувате поинаку веќе денес и вашата стварност многу бргу ќе се промени. Сите грешиме поради ова: трошиме премногу време сонувајќи за иднина, а кога таа конечно ќе дојде, ќе се испостави дека таа не носи ништо ново. Па се вознемируваме, се разочаруваме, па повторно почнуваме да чекаме, насочувајќи го погледот повторно во некоја иднина. Наместо да тагувате и пасивно да сонувате, само превземете некое дејство. Направете план за промена, излезете од зоната на комфор, почнете да живеете сега и овде. Трпението е одлична особина, но константно и пасивно чекање не е. Не сонувајте, туку движете се и ќе успеете!

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading