Кога ќе се случи оној поглед во кој гледаме се’, многу работи во тој момент се неискажани. Не само што ја запознаваме сродната душа туку внесуваме очекувања, дека нашиот партнер е нашиот спасител, но поради убавината на моментот, тој неизговорен отров тивко ги нагризува сродните души, од кои многумина бегаат бидејќи не сакаат да ја видат својата креирана слика за себе, а наместо тоа за почеток треба да почнат да се сакаат себе.
Низ неколку животи живееме сродно со некоја личност и достигнуваме една исполнетост, но луѓето всушност имаат компатибилност само до една точка. Затоа, многу ретко сретнуваме сродни души во партнерски односи, а најчесто со нив можеме да бидеме во пријателски односи или преку личности со кои сме живееле како брат и сестра.
Најчесто е прашањето зошто не можеме да живееме во љубовен однос со својата сродна душа? Затоа што односот го издигнавме до едно ниво, а потребно е да се развиваат односи со други луѓе кои ќе ни помогнат да развиваме и други квалитети, како трпение или емоционалност. Нашето согледување на односите објективно е нереално, не сме свесни што се случува во тој поглед и што се’ сретнува, односно нашите квалитети на развој во љубовните врски, а кај другите односи потполно други квалитети и поради тоа ние овој свет го набљудуваме субјективно, но и незаинтересирано бидејќи не сакаме да ги согледуваме односите целосно, па затоа не ни се јасни односите во кои се наоѓаме.
Големи љубови има малку, бидејќи тоа се луѓе кои го усовршиле односот преку неколку животи па така и некои кои сега се случуваат, ќе изгубат потпора од едниот или другиот и таа приказна ќе продолжи во следниот живот.
Љубовта не е работа на среќа. Љубовта е уметност на давање и живеење. Таа бара знаење и труд. Поголемиот број смета дека е работа на среќа. Многумина ја согледува преку претпоставка дека суштината е во тоа како е да се биде сакан, па мажите се обидуваат да добијат моќ, а жените се грижат за изгледот, а ниту еден од нив не се грижи како да се сака. Проблемот на љубовта се сфаќа како проблем на објектот, а не проблем на способноста. Човекот се вљубува во партнерот кој поседува квалитети кои се достапни на неговата можност за разбирање и тие две личности сметаат дека го пронашле најдобриот можен расположлив објект на поседување, но тоа не значи и способност да се сака.
Луѓето сметаат дека нема што да се научи за љубовта, а таа започнува поради почетната фаза- вљубување. Ако парот е во можност да ја почувствува близината, соединувањето, тој момент е еден од највозбудливите случувања во животот. Човекот е свесен за својата издвоеност. Таа создава немир. Тоа е неможност светот да се сфати активно. Издвоеноста предизвикува срам, чувство на вина. Затоа за доживувањето на љубовта и развивањето на чувството на припадност, треба да се тргне од учењето на сакање, давање внимание на партнерот со свесно слушање, допир и уважување. Присилно и механичко однесување не може другата личност да ја отвори.
Марио Жувела
Leave a Reply