Кога ќе престане да ви се допаѓа оној кој го идеализиравте?

Кога стварноста се враќа во партнерството, идеализацијата на партнерот ретко го преживува филтерот на стварноста. Се покажува дека личноста која ја идеализиравте и која треба да реагира со одреден став или однесување е несовршена со своите сили и слабости. Се чини дека овие слабости со тек на време се размножуваат, што не’ носи до заклучок дека ситуациите кои некогаш ги сметавме за пријатни сега почнуваат да ни сметаат.

Оние кои некого го идеализираат веројатно во еден момент ќе завршат исфрустрирани бидејќи многу големи очекувања кои имаат на почеток на врската потполно исчезнуваат кога ќе сфатат дека создале некој кој се разликува од личноста со која се во врска. Како романтичната врска понатаму се развива, исчезнува идеализацијата на партнерот и односот на крајот се појавува во друго светло.

Според Ерих Форм, кога учиме да сакаме, треба да постапиме на ист начин како кога сакаме да научиме било која уметност, инструмент, сликарство, медицина. Љубовта во партнерството е уметност за себе: на врската и’ е потребна зрела љубов која разбира дека разликите во врската се неизбежни и дека секогаш не е идеално. На партнерството му е потребна грижа, разбирање и правда; сфаќање дека љубовта е процес на учење на себе а истовремено и за другата личност. За да ги поделиме своите чувства, мора да бидеме во контакт со нив, да ги разбереме и да се грижиме за нив. Ова е важно за да не бараме од другите да ги задоволат нашите потреби бидејќи сами тоа не можеме да го направиме.

Љубов во партнерство

Во љубовната врска може да се случи партнерите љубовта да ја доживуваат поинаку. На пример, еден од партнерите може да чувствува ‘детска љубов’ која го следи принципот ‘сакам бидејќи сум сакан’. Од друга страна, другиот партнер веројатно ќе чувствува зрела љубов и ќе го следи принципот ‘Сакан сум бидејќи сакам’. Однос кој се темели на незрела љубов обично ја водат луѓе кои сакаат бидејќи се потребни еден на друг. Во партнерства во кои од друга страна преовладува зрела љубов, партнерите се потребни едни на други бидејќи се сакаат. Како врската напредува, почнуваме да забележуваме особини кај нашиот партнер кои порано не ни сметале или дури ни се допаѓале, но сега ни сметаат и не ни се допаѓаат. На почетокот на партнерството се обидуваме да им удоволиме на другите во било кое време, занемарувајќи ги дури и сопствените желби. Во проблемите со односите и двајцата се дел од проблемите и дел од решенијата.

Зошто одеднаш ни смета она што во минатото ни се допаѓало кај нашиот партнер?

Греши секој кој мисли дека слабостите на партнерот се тие кои не’ вознемируваат. Во основа, кај нашиот партнер секогаш постоеле однесувања кои ни сметале, но ги игнорираме или ги премолчуваме бидејќи ги сметаме за неважни. Ако во некој момент тоа почне да не’ мачи, можеби промената се случила повеќе во нас отколку во нашиот партнер. Секоја врска поминува низ различни фази, а лошите времиња понекогаш не’ носат до мислата дека врската не се одвива онака како што се надевавме. Недостаток на комуникација, постојани расправии, проблеми со наклоност во врската се одговорни за тоа ситуациите кои некогаш ни се допаѓале сега изгледаат досадно.

За да ги свртиме повторно овие ситуации, мора да се обидеме да создадеме повеќе прифаќање и интимност со својот партнер. Ако постои повеќе взаемно прифаќање, тогаш сме подготвени да ги задвижиме потребните промени, да се прилагодиме едни со други, појасно да комуницираме и да ги решиме судирите кои се јавуваат во секоја врска. Внимателно бирајте ги партнерите. 90% на вашата среќа и тага зависи од оваа одлука. Но, откако внимателно ќе изберете, дури тогаш се случува ‘развивање на взаемна љубов.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: