Не те сакам за себе, те сакам покрај себе

Да се сака некој нема врска со поседувањето, туку тоа е спој на енергија на двајца луѓе кои делат заеднички интереси и се прифаќаат еден со друг такви какви што се. Љубов е..две души кои се среќаваат на својот пат и се поврзуваат, имаат заеднички цели но го задржуваат својот идентитет.

Од тие причини не те сакам за себе, туку покрај себе. Сакам да го живееш својот живот и да го поделиш со мене. Оди по својот пат и имај свој сопствен свет, но ако имаме заеднички цели, ќе одиме заедно.

‘Во љубовта секој од нас е одговорен за она што чувствува и не може да го обвинува другиот за тоа. Никој никого не губи, бидејќи никој никого не поседува. И тоа е вистинско искуство на слобода: да се имаат најважните работи во животот, а да не ги поседувате’

Паоло Коељо

Да креираме свој универзум

Да креираме сопствен универзум во кој има слободен простор за нашите светови, нашите соништа и нашите цели. Таму каде што зборуваме со внимание и љубов каков ни беше денот, што доживеавме со другите луѓе, кои задачи ги завршивме и какви ситуации ни го разубавуваат денот. Универзумот е паралелни хоризонти кои дозволуваат тие разлики да станат прилика за понатамошен развој. Не сме сите исти, но учиме од она што секој од нас ќе види. Ги разменуваме своите искуства бидејќи се познаваме на така интимен и искрен начин што можеме слободно да кажеме што сакаме, со сигурност да знаеме што другиот мисли. Понекогаш само се гледаме и знаеме што оној другиот мисли.

Постојат и оние кои мора да се објаснат и оние кои не можат да разберат што другата личност мисли. Меѓутоа, ова се само различни начини да се сакаме еден со друг бидејќи сме слободни, а тоа е начин на кој со задоволство остануваме заедно во Универзумот кој го создадовме.

Сакам да бидеш покрај мене кога рацете ни се допираат и кога чувствуваме пеперутки во стомакот. Сакам со мене да се смееш за моите глупости, колку сум неспретен и луд, за кое секогаш ме предупредуваш. Сакам да бидеш покрај мене кога си насмеана, но исто така сакам да ја поделам мојата насмевка со цел свет. Затоа те сакам покрај себе, но не само за себе.

Сакам да бидеш среќен и независен

Сакам да бидеш среќен, независен и лудо да се смееш. Те сакам таков каков што си бидејќи ми го допре срцето. Не сакам да бидеш совршен, бидејќи не сум ни јас. Сакам да те видам среќен во секој момент и затоа почитувам се’ што правиш, дури и ако ти можеш да направиш поинаку. Но, тоа е убава работа. Да се научи дека не постои само еден убав начин нешто да се направи во животот.

Живеј, уживај во животот, трчај, биди слободен, биди среќен, бидејќи и јас сум среќна кога уживаш во секој момент со полни гради. Ти благодарам што ми го промени животот, ми покажа некои нови светови и направи работи кои никогаш нема да ги разберам, но кога ги работам со тебе, добиваат ново значење.

Во овој свет во кој многу луѓе се зависни од поседување, лудо е да бидеш независен, но уште полудо е да се пуштиш некој да биде слободен. Секако, во позитивна смисла на зборот. Не сме заробеници на меѓусебните постапки, зборови и мисли, бидејќи кога сме заедно, се забавуваме дури и повеќе отколку кога сме раздвоени. Знаеме да се сакаме бидејќи и покрај среќните моменти кога сме раздвоени, одлучуваме да живееме еден покрај друг и така да растеме.

Најважната работа на светот и во љубовта е способност својата среќа да ја поделиме со другите, тоа е најдобар начин да го доживеете својот и нивниот свет. Светот кој сакаме да го поделиме со некој, свет полн со слобода, почитување, љубов и среќа.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: