Постојат луѓе со кои енергетски не се поклопувате

Се случува личноста да се обидува да воспостави контакт со друга личност, но не успева во тоа. Се’ прави како треба, пронаоѓа заеднички теми, се обидува да и’ угоди. Но, се чини дека другата страна не постапува така добро кон неа, колку што посакува. И нема значајни и видливи причини. Во што точно може да биде проблемот?

Постојат сигнали кои ни покажуваат дека личноста не не’ сфаќа сериозно. Првот значаен знак е кога соговорникот почнува да го меша нашето име, лесно го заборава. Тоа значи дека не сме важни. Личноста го нема нашето име во сеќавањето. Се фокусира на други. Постои уште еден значаен знак- кога личноста не ве зема во обзир. И се чини дека е тоа вообичаена ситница и дека нема смисла да се обрнува внимание на тоа. А ако подобро размислите, која е всушност вистинската причина за таков став? Можеби нема да го најдете.

Можно е вашата личност едноставно да не одговара или вие да не одговарате на личноста. И колку да се трудите, нема да воспоставите потребен контакт со соговорникот. Можете да комуницирате за различни теми, да разговарате за неутрални случувања, но нема да можете да добиете однос на доверба. Тој не е ваш човек.

Тие сакаат тоа што вие не сакате, имате различни вредности и поглед на животот. Интуитивно чувствувате дека сте потполно различни. Тоа ве турка подалеку од нив. А работата не е во вас, туку во оваа личност. Не треба да се обидуваме да им се прилагодиме на такви луѓе, ниту да им угодуваме. Тоа нема смисла. Поради што? За да се спријателите со некој? Не сметајте на повеќе и не барајте пријателство со таквите луѓе.

Најдобро е меѓусебно сочувство. А тогаш кога ќе заборават на вашето име, вашата положба и нешто друго што ве прави да се чувствувате непријатно, само сфаќате дека тоа не е вашата личност. И пуштете ги. А ако ве навредат, кажете им за тоа и обратете им се со име. Вам ви треба личност со која енергиите ви се поклопват, а оваа личност е дадена за искуство.

Не се обесхрабрувајте, гордо тргнете напред. Со име можете да им се обраќате на луѓето во различни ситуации. Кога на личноста често му се обраќате така, тогаш таа несвесно почнува повеќе внимание да насочува кон вас. Ова е психолошки трик. Името и презимето на личноста треба да се изговара гласно и јасно. Именувајте ја личноста како што сака да биде именувана. Тогаш ќе почне позитивно да ве третира.

Вредно е да се запомни дека постои непријателство кон личноста на енергетско ниво. И тука ништо не може да се промени. Како да се препознае непријателство? Ако сметате дека комуникацијата со некоја личност се одвива во напната атмосфера, тогаш е вредно да се размисли дали е тоа вашата личност. Можно е да нема потреба да се обидува да се приближи, па затоа и не се обидувајте. Едноставно оддалечете се.

(извор: zen.yandex.ru)

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading