Зошто жена на жена е волк?

Колку можеме да бидеме за себе или за другите прекрасни, толку сме понекогаш нејасни и злобни. Зошто го носиме тој код во себе, кога знаеме дека сите потекнуваме од истиот извор? Знаеме дека секоја од нас е создадена да сака и може да страда и да ја боли, да ја дели насмевката и тагата со друга, дека преку меѓусебните и поединечни лузни се учиме една со друга до каде смее да се оди, а каде не? За да биде животот убаво место за живеење, жените треба помалку прстот да го ставаат една на друга.

Таа има она што ти немаш, ти имаш она што таа нема. Зошто вечно ривалство, расправии и плеткање без мерка и непочитување на личните граници? Зошто понижување и осуда на прва? Толку компликации, а толку сме всушност слични.

Ти исто како и јас се грижиш секој ден дали ти се ѕиркаат тие неколку килограми вишок или не. Се грижиш каков впечаток ќе оставиш, дали си доволно убава, привлечна, насмеана, чиста и дотерана. Исто го криеш погледот од себе во огледало, скривајќи се под преголемата облека и сите оние стрии кои ги заработи зимата, бидејќи малку повеќе се здебели отколку инаку или ги доби со пороѓајот. А целулит, ах тој проклет фамозен целулит. Зошто и ти не се фотошопираш кога сите тоа го прават? Како летово ќе одиш на плажа и ќе се сокриеш од љубопитните погледи…

Гледај чудо, нема мажите така да те гледаат, всушност жените се тие кои ќе те ‘касапат’. Зошто сме програмирани да сееме злоба и осуда понекогаш? Меѓусебно да се споредуваме, натпреваруваме и кудиме?

Едни се тие со кои ги делите своите најинтимни тајни, а други се оние непознати кои не ве допираат, така? Тие многу лесно можат да се осудуваат и плукаат, да се исмејуваат на плажа, да се исмејуваат за нивните штикли, здолништа, погрешно исцртани веѓи? Зошто, зошто не се идентификувате со нив? Бидејќи не се дел од вашиот чопор? Бидејќи не ги познавате лично за да бидете благи кон нив?

Љубомора дека некој има повеќе среќа во животот, па можеби има и повеќе пари. Да. А што ако ви кажам дека тој некој може да боледува од неизлечива болест и парите никако не можат да помогнат? Што е со онаа која навидум има совршен живот, куќа од соништата, прекрасен маж? А што ако нејзиниот маж нема време за неа, ако децата се невозможни и исклучително непослушни? Што ако тој маж неа ја гледа само како свој имот, онаа која мора да молчи и да седи дома? Што ако длабоко е несреќна, а не може да замине поради децата? Тогаш е глупа, бидејќи и понатаму се обидува да поправи некои односи?

Што е со онаа која често патува, изгледа како авион и постојано прави селфи? Таа има туѓи пари, сигурно е спонзоруша. Можеби токму таа со години напорно работела, без ден слободен, за да направи нешто свое и навистина да успее? Можеби тоа што патува, неа не и’ значи среќа туку бегство од стварноста во која таа нема никој свој, нема семејство, нема засолниште.

Што е со онаа жена која има тело како манекенка и никогаш нема да се здебели? Таа сигурно секој ден се чувствува фантастично, како да е муза, без никакви комплекси. Знаеш ли дека можеби неа секој ден и’ е тажен и лош. Бидејќи токму поради тој изглед, неа ја шиканираат и отфрлуваат. Неа исто ја етикетираат како и онаа која има неколку килограми вишок… За неа можеби сите зборуваат дека не може да имаат памет и убавина. Можеби зборуваат дека е курва, бидејќи е штета таков изглед да се фрли. Можеби зборуваат дека е анорексична, бидејќи не може да се здебели? Можеби мислат дека е површна, бидејќи изгледа како да нема грижи ниту проблеми.

Ех. Можеби е само уморна од етикетирања. Од тоа дека поради изгледот тешко проаѓа во животот отколку ние другите. Бидејќи што и да добие, работа, маж, пари, патување, никогаш не е чисто со тоа дали го добила заради карактерот или изгледот. Можеби заради тоа вратата и не е отворена, бидејќи можеби е премногу атрактивна, па ќе ги засени другите и ќе им задава комплекси на некои?

Жени драги, ние сме исто племе! Дали ја сфаќате поентата? Оваа злоба не можат да ја застанат мажите, бидејќи поголемиот дел жените се заслужни за тоа малтретирање. Мајки или немајки, вредни или не, слаби или дебели, жени со кариера или боеми, дотерани или не, со шминка или не, со пари или не…Од ист ков сме. Во душата сите копнееме за исто. За прифаќање и исполнување. За мир, наш дом, луѓе и љубов. Сите дневно поминуваме сто и повеќе нервни сломови од различни причини. Стравуваме дека со тек на годините ќе бидеме отфрлени, заменети за помлад модел, дека ќе изгубиме прилика за љубов или потомство, дека ќе се избориме до непрепознатливост, дека ќе се изгубиме себе.

Зошто тогаш таа војна? Зошто не си подадеме рака една на друга? Зошто една на друга не посакаме искрена среќа, не дадеме искрена насмевка или комплимент? Зошто меѓусебно не се поддржуваме да работиме на своите уникатности? Колку и да сме исти, толку сме различни. Не може една да ја засени другата, бидејќи секоја има свој клуч и своја посебност.

Престанете да крадете една од друга, идентитет, мажи, титули и фустани. Секоја ќе најде свое, она што и’ припаѓа. Растете заедно, одгледувајте нови генерации на жени заедно, за да не работат слични работи во иднина, за да живеат полесно и да се фокусираат на она што е навистина важно во животот, а тоа е здравје, среќа и заедништво. Бидете жени во вистинска смисла на зборот. На оние на кои не им е проблем да им помогнат на другите на било кој начин. Оние кои искрено ќе дадат насмевка и убав збор. Оние кои знаат да се повлечат кога треба и да не се навредуваат една со друга поради различни избори и реакции. Бидете жени во вистинска смисла на зборот.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: