Како жените со своите постапки ги тераат мажите во туѓа прегратка

Ако сакаме да имаме здрава врска мора повеќе внимание да се посветиме на своите зборови и дела, а чувствата кои ќе ги добиеме ќе бидат резултат на нашата напорна работа.

Непочитувањето на жената кон мажот може да има големо внимание на идентитетот на мажот. Тоа може да доведе до лоши односи во врската, што мажот го тера на друго место да ја потврди својата вредност. За изградба на здрава врска потребно е многу труд и работа. Секоја врска се состои од подеми и падови. Од една страна чувствата можат да бидат многу силни, а односот меѓу две личности интимен ,додека од друга страна можат да се појават фактори кои спречуваат нормално функционирање на врската.

Што е тоа што жената не треба да го прави ако не сака да го избрка својот маж кај друга жена

1. Претерана идеализација. Нормално на почетокот на врската ги гледаме само оние убави особини на својот партнер. Гледаме силен, висок, моќен маж и веднаш мислиме како е одговорен и како токму тој ќе може да не’ заштити и да ни даде се’ она за што сонувавме. Меѓутоа, често токму таква очекувања и идеализација на партнерот водат до разочарување.

2. Му помагаат на мажот финансиски. Не е проблем тоа жената на мажот повремено да му помогне кога ќе има проблем со финансии. Проблемот се создава кога мажот почнува систематски да прима пари од жената.Тогаш мажот мисли дека жената ќе се грижи за него како мајка, а кога таа грижа ќе му биде скратена, тој е незадоволен и заминува.

3. Давате скапи подароци. Некои мажи многу ќе се навредат кога добиваат скап подарок. Тоа што му го подарувате на својот маж мора да има приказна, бидејќи главната работа треба да биде став кој го имате кон него, а не цената на подарокот.

4. Сожалување на мажот. На мажот не му треба дадилка, туку жена која му верува на својот маж. Сожалувањето е подсвесна недоверба. Вториот момент на сожалување е непочитување на човекот. Да се почитува значи да се препознае како зрела, возрасна личност. Важно е да се биде во можност да се поддржи својот партнер, останувајќи рамноправен со него.

5. Изговарање на фразата -‘Ти реков јас’. Оваа фраза која можеби најмногу ги нервира мажите. Жената на овој начин сака да се издигне себеси и своето мислење над мажот, сака да ми докаже дека таа е во право и дека тој згреши. Во ред е да му се укаже на мажот за грешката, но тоа може да се направи на посуптилен начин.

6. Ги изневерувате своите интересирања. Да се биде добра сопруга, домаќинка е голем плус, но мажот порано или подоцна ќе посака да погледне и убава жена. Ако дома нема убава жена, големи се шансите дека ќе ја побара надвор.

Најважната работа во секоја врска е жената и мажот да се сочуваат себеси. Ако немаат сопствени интереси тие го губат својот личен идентитет.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: