Кога мажот заминува од вас без објаснување?

Ако вашиот партнер ја прекине врската одеднаш и без посебно објаснување, тоа не е добро. Од такво однесување може да се крие лошо воспитание или некој психички проблем. Таквите мажи всушност не знаат како да се носат со своите чувства, па најчесто бегаат отколку да ги покажат

1. Емоционално ладен недостапен маж не разбира колку болка ви нанесува со своето однесување. Тој не ги сфатил вашите чувства додека бил со вас во врска а сега уште помалку му е гајле за нив кога си замина. Од него нема да добиете никаква емоционална реакција. Тој едноставно ќе го исклучи телефонот и нема повеќе никогаш да ви се јави.

2. Незрел маж си заминува во тишина и без објаснувања бидејќи не знае поинаку. Во најдобар случај неговата мајка ќе раскине со вас наместо него. Таков маж не е во состојба да ги идентификува и да ги прифати своите чувства, па не можете од него да очекувате да ги почитува вашите.

4. Кукавицата најлесно ја става главата во песок и се преправа дека ништо не се случило. Причината за таквото однесување е што е уплашен. Се плаши од одговорноста која со себе ја носи врската, па најлесно е да се побегне отколку да ја превземе на себе. Тој едноставно не е подготвен за оваа врска, ниту за било која друга.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: