Манипулацијата е потешка од неверството- 5 ситуации во бракот(врската) кои се полоши од неверството

Некои работи се случуваат во врската кои на прв поглед можат да бидат безначајни, а можат да имаат големо влијание во односот. Неверството е најлесен начин да се упропасти врската, но постојат и некои други работи кои можат да бидат подеднакво штетни. Неверството ја уништува довербата помеѓу партнерите која тешко се враќа, но некои други работи можат да го скршат човекот и да му ја уништат самодовербата.

Некои работи на прв поглед можат да изгледаат наивно, но последиците кои тие ги носат можат да бидат многу големи.

1. Останување во врска од практични причини. Добрата врска треба да биде пријатна за двата партнери и не смее да смета во вашиот секојдневен живот. Меѓутоа, многу често паровите остануваат заедно и после исчезнувањето на страста помеѓу нив, бидејќи навикнале еден на друг и така им е практично. Да се остане заедно поради практичност може да доведе до занемарување и чести расправии. Понекогаш можеби е подобро да се разделите и да останете пријатели.

2. Манипулација. Манипулацијата со партнерот често може да има поголеми последици од неверството. Да се остане во врска со личноста само од корист е чиста манипулација. На тој начин намерно се создава нерамнотежа во врската. Манипулациите често можат да бидат толку суптилни што може и да не ги забележиме. Тоа може да влијае на нашата самодоверба, а штетата која е нанесена може да се одрази и на сите следни врски.

3. Избегнувајте наклоност. Недостаток на љубов и наклоност може да биде штетно за врската, посебно ако еден од партнерите намерно избегнува покажување на наклоност. Тогаш оној кој е скратен за наклоност страда, почнува да се сомнева во себе и својот избор. Во врска секогаш е важно да се чувствуваме сакано, ценето и почитувано.

4. Се обраќа со понижувачки тон. Ако вашиот маж така се однесува кон вас вашата врска не може да биде долга и здрава.

5. Неискреност. Сите ние на почеток на врската сакаме да покажеме само она најдобро од себе, па често во тоа и претеруваме за да ја импресионираме другата личност. Многумина се подготвени и да лажат за да му покажат на партнерот дека се најдобар избор за него. На почеток сакаат само малку да ги разубават работите, но подоцна сами се заплеткуваат во својата мрежа на лага. Ако се врските изградени на лаги и измами тие немаат големи шанси да опстанат. Најдобро е секогаш да се биде искрен и да се бира вистина.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: