Жените прво мора да сфатат што е тоа што тие сметаат под ‘нормален маж’. Според мислењето на многу од нив, тоа е маж кој е добар материјал за брак, кој изгледа добро и секако оној кој е подготвен да даде се’ за жената. Сите други спаѓаат во друга категорија на мажи кои многу жени не ги сметаат за вредни.
1. Првата причина зошто жените сметаат дека нема нормални мажи е тоа што жените имаат преголеми очекувања од мажите. Сонуваат да најдат маж кој ќе им даде се’ и кој нема да бара ништо за возврат. Околу нив често има толку добри мажи кои заслужуваат да им се обрне внимание, но нив не ги гледаат поради своите нереални очекувања.
2. Втората причина е што многу жени не знаат што сакаат. Често имаат нереални критериуми за оценување на вистинскиот маж. Сонуваат покрај себе да имаат силен маж, а забораваат дека таков маж не наседнува на манипулации и дека има цврсти ставови од кои нема да се откаже.
3. Жените понекогаш се прилично површни кога е во прашање изборот на маж. Ги бараат оние кои ќе им посветат големо внимание и скапи подароци, наместо да бараат некој кој искрено ќе ги сака и ќе им го подарат своето срце. Многу модерни жени не знаат кои вредности треба да се бараат од мажот.
4. Женска мрзливост. Многу девојки денес сонуваат богато да се омажат. Да најдат маж кој ќе им обезбеди лесен живот. Не сакаат да се потрудат нешто да направат од својот живот и самите за себе да обезбедат убав живот за да не мора да очекуваат од мажот тоа да го направи за нив.
5. Недостаток на интерес. Ако жената навистина сака за себе да најде вистински маж, на прво место треба да и’ бидат личните квалитети и начинот на кој се однесува кон неа. Материјално обезбеден маж е привлечна прилика, но ништо не гарантира дека покрај него ќе најде среќа. Материјалните работи бргу ја губат вредноста, а поддршката, довербата, искреноста и почитувањето секогаш ќе има цена.
Leave a Reply