Можеби заминувањето не е предавство туку чекор кон слободата: Кога навистина е време за развод?

Многу жени остануваат во брак во кои не се среќни, ја простуваат секоја грешка на сопругот, додека другите си заминуваат од своите мажи без многу размислување. Едан моја пријателка после разводот од четвртиот маж рече: ‘Зошто да губите време со некој кој не ги исполнува вашите барања? Мора секогаш да барате маж кој тоа ќе го направи’..

Кога ќе слушнете некои бесмислени причини за развод ви се чини дека се тоа само изговори за некои подлабоки проблеми на подсвесно ниво. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека нивниот заеднички живот е можен, па се фаќаат за првата причина која ќе им падне на памет. Често се случува луѓето и по дваесет години да се во брак, знаат се’ едни за други, а одеднаш ќе донесат одлука дека се разведуваат. Можеби напуштањето на личноста не е предавство, туку чекор кон слобода, како за личноста, така и за неговиот партнер. И понекогаш, што побргу тоа го направиме, подобро е за сите нас.

Според зборовите на мојата пријателка која се разведе четири пати, секој брак е подобар од предходниот. Можеби тоа беше само работа на среќа, а можеби таа научила да се разбере себе или точно да одреди кој во дадениот момент најмногу и’ одговара. Таа секогаш велеше дека треба да се замине не кога ќе почнете почесто да го минувате времето во расправија, туку кога ситниците ќе почнат да ви сметаат. Кога ќе ви засмета како личноста изгледа, како се облекува, како јаде, како зборува, време е да одите понатаму. Нема да биде подобро, туку уште полошо.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: