Понекогаш предоцна сфаќаме дека не се боревме доволно за некои луѓе

Застанете за момент. Погледнете дали можеби пребргу трчате низ животот. Погледнете дали случајно по патот некаде изгубивте некој кој ви е многу важен, а тоа не го забележавте. Често премногу брзаме во животот и сфаќаме дека некои луѓе не трчаат покрај нас. Заостануваат бидејќи не можат да го пратат нашето темпо, а потоа се губат некаде во далечината. Често така ги напуштаме нашите најмили, нашите родители, а за тоа не сме свесни.

Во почетокот тоа не го разбираме. Се трудиме да изградиме свој живот, живееме, живееме и тогаш во еден момент само сфаќаме дека некои луѓе не се покрај нас. Сфаќаме дека сме сами, дека одиме сами дека нема никој покрај нас. Почнуваме да се вртиме околу себе, бараме познато лице, но не го наоѓаме. Некаде во цела збрка и трчање ги губиме саканите и нема никој повеќе за гушкање, никој за утеха кога ни е тешко.

Потполно сме сами во овој суров свет. Се’ ни се чини како сон од кој сакаме да се разбудиме, но сфаќаме дека тоа е вистината. Нашето опкружување се менува бидејќи не сме ги држеле доволно цврсто за рака оние луѓе кои ни се важни, па некаде на својот животен пат ги загубивме.

Понекогаш предоцна сфаќаме дека не се боревме доволно за некои луѓе, а требаше. Во сета таа желба да го живееме животот, да ја градиме својата иднина ги губиме луѓето кои толку ни знаечеа. Не смееме да си дозволиме себеси така лесно да ги губиме луѓето. Не смееме да се откажеме од нив. Мора да се трудиме да ги задржиме покрај себе луѓето кои ни се драги, кои ни значат нешто, бидејќи во спротивно ќе останеме сами на светот, без подршка и љубов од луѓето кои некаде успат ги изгубивме.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: