Посесивност не е љубов – 8 проблеми кои не треба да се занемарат во врска

Многумина од нас се соочуваат со разни проблеми во врската, некои од нив се безначајни додека другите бараат многу труд и залагање за да се решат. Меѓутоа постојат проблеми кои на прв поглед ни изгледаат неважни, но можат да прераснат во многу сериозен проблем. Затоа треба да обрнеме внимание на неколку работи.

1. Се плашите нешто да му кажете на својот партнер. Ако се плашите од реакцијата на партнерот за некое прашање или сакате нешто да му кажете, а ве загрижува неговата реакција тоа може да биде сериозен проблем.

2. Вашата врска се развива премногу бргу. Ако вашата врска е нова, а вшиот партнер веќе зборува за вашата заедничка иднина, бидете внимателни. Потребно е време да се развие, а ако вашиот партнер се брза што побргу да ја зајакне врската со вас, можеби тоа сака да го направи побргу, пред вие да ги откриете неговите мани.

3. Каков сум, таков сум.. Ако вашиот партнер често ја изговара оваа фраза, со тоа сугерира дека не е подготвен да се менува и да се прилагодува на врската. Ако ве повреди со постапка и ја кажува оваа фраза бидете сигурни дека никогаш нема да му бидете најважната личност во животот.

4. Сака се’ што сакате вие. Ако вашиот партнер се сложува со секоја ваша идеја, секое ваше мислење и му се допаѓа она што ви допаѓа и вам, имајте на ум дека тоа нема да трае засекогаш. Со вакво однесување само сака што побргу да ја добие вашата наклоност и порано или подоцна ќе го покаже своето вистинско лице.

5. Отфрла се’ само да биде со вас. Тоа што сте во врска не значи дека припаѓате еден на друг. Посесивност може да биде сериозен проблем во врска, а никако знак на љубов.

6. По секоја кавга имате чувство дека ќе ве остави. Нормално дека паровите не се согласуваат околу некои работи и мислења и тоа е составен дел од врската. Но, ако вашата расправија се претвора во борба помеѓу вас тоа може да биде сериозен проблем.

7. Ја прифаќате вината за да ја избегнете расправијата. Ако ја превземете вината за работи за кои не сте виновни и кои немаат врска со вас тогаш во вашата врска постои сериозен проблем. Мора да бидете во состојба да се изборите за себе, ако реакцијата на вашиот партнер кога ќе погреши е толку голема, што подобро ви е да ја прифатите вината на себе, верувајте дека во иднина ќе биде уште полошо и секогаш ќе бидете главен виновник за се’

8. Се лути на вас без причина. Ако вашиот партнер се лути без причина и кога нема да погодите она што тој мисли, тоа е голем проблем. Комуникација во врската треба да оди во два смера. Не можете да знаете што некој мисли додека не ви се каже. Никој не е во состојба да му ги чита мислите на другата личност, без оглед колку добро се познаваат и ниту еден од вас не треба тоа да го очекува еден од друг.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: