За жал, не постојат парови кои се сигурни од неверство. Топлината на домот, морални и етички стандарди не се гаранција дека партнерот ќе биде верен.
Ако сте се нашле во таква ситуација, изневерени, не се потпирајте само на своите емоции, туку послушајте го и својот разум.
1. Бидете достоинствени и не го губете разумот. Кога ќе бидеме изневерени, шок е првата реакција која ќе ја доживееме. Во оваа ситуација е тешко да се остане смирен и рамнодушен. Сепак, колку и да ви е тешко, обидете се да останете мирни. Нема да биде лесно, но тоа е најисправната работа која можете да ја направите. Длабоко дишете, смирете се и донесете се себеси во рамнотежа.
2. Не му раскажувајте на секој за она што се случува. Жените по природа се многу поемотивни од мажите. Колку и да ви е тешко во моментот, не се брзајте на сите да им раскажете за она што се случило во вашиот брак. Ако подоцна се случи работите меѓу вас и вашиот партнер да се поправат, лошто мислење на вашите пријатели и семејството кон вашиот партнер уште долго ќе останат. Трудете се она што се случува меѓу вас и вашиот партнер остане меѓу вас. Не се занесувајте со мислите за неверството. Обрнете внимание на нешто позитивно. Дружете се со луѓето и водете нормален живот.
3. Не правете глупости. Не трчајте веднаш да ја запознаете љубовницата на вашиот партнер. Бидете над тоа. Исто така, не трчајте поради освета во прегратка на друг маж, ниту се заканувајте со раскинување и развод. Скандали, драми и закани се бесмислени. Земете во предвид дека и вашиот партнер води внатрешна борба како понатаму.
4. Не простувајте, но имајте милост. Што мислите каде ќе замине вашиот маж ако во бес му ја покажете вратата? Ќе замине кај оној што ќе покаже грижа и внимание, кај вашата соперничка. Не го бркајте вашиот маж да спие на каучот или кај мајка му бидејќи враќањето од таму е потешко отколку што ви изгледа. Размислите за тоа што не е во ред помеѓу вас, колку долго има афера, дали таа е само онака или нивната врска е сериозна. И она што е најважно, средете ги своите чувства.
5. Не одете по различни патишта. После се’ што се случило запрашајте се што точно сакате. Дали разводот ќе ви помогне да ги доведете своите емоции во ред и дали ќе ви донесе посакувано олеснување.
Колку оваа ситуација да ви изгледа тешка, не се брзајте со развод. Размислете ако сеуште постојат чувства кон вашиот партнер, ако тој е грижлив татко дали постои шанса вашиот брак да опстане.
Leave a Reply