Дали вреди да се прилагодиме на мажот за да не останеме сами?

По некои жени мажите едноставно трчаат, се трудат околу нив и прават се’ само да бидат со нив. На жените останува само да го одберат најадекватниот и да се согласат на додворување. Меѓутоа, постои и една друга врста на жени кои не привлекуваат внимание на машкиот пол, по кои мажите нема да се свртат и не даваат комплименти.

Овие жени по ништо не се разликуваат од другите жени. Имаат се’ она што имаат и тие, но ете остануваат незабележани. Можеби проблемот се крие во нивното воспитание, нивното детство, а можеби е проблем помалку самопочит.

Дали таквите жени треба да се прилагодуваат на мажот за да не останат сами цел живот? Ова е прашање кое ги мачи поголем број жени. Дали жената треба да се обликува кон мажот, да се прилагоди кон условите кои се поставени, да стисне заби и да живее живот кој не и’ одговара само да не биде сама? Дали жената треба да се прилагоди на мрзливоста и недостатоците на мажот? Дали треба да ги затвори очите пред неговите лоши навики и постојано да го слуша неговото незадоволство?

Многу жени се подготвени на сето тоа. Подготвени се на се’ лошо само да не останат сами засекогаш, а сето тоа се случува поради недостаток на желба и интерес да направат нешто добро во својот живот. За многу жени во прв план е пронаоѓање на совршен маж, а потоа барање начин да го задржи. Кога ќе сфати дека не може да пронајде она што замисли во својата глава, се согласува на било што. Се прилагодува на околностите и се согласува на се’ бидејќи мисли дека не заслужува подобро. Во ред е жената да сака да пронајде добар маж, но пред се и самата треба да стане добра жена. Мора да биде жена која ќе привлече внимание кај мажите. Како да го постигнете тоа?

Пред се’, престанете премногу да размислувате за својата осаменост. Размислете што ве прави среќни и во што уживате. Нема да забележите кога работите ќе почнат да се менуваат. Ќе сфатите дека се менувате одвнатре и како неговата љубов ќе се појави тогаш кога најмалку размислувате за неа. Она што секој треба да го има на ум е се’ додека сами со себе се чувствуваме пријатно, никој друг нема да се чувствува пријатно во наша близина.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading