Се верува дека позитивните дела создаваат позитивни последици во нашиот живот, а лошите создаваат кармички долгови. Важно е да сфатиме дека кармичкиот долг не се смета само во постапки, туку и со морал, мисли и намери позади нашите постапки. Нашиот живот се состои од обрасци и броеви кои обично укажуваат на лекции и обврски кои ги имаме во живот. Знаејќи го тоа, полесно можеме да откриеме дека имаме кармички долг кој треба да биде решен.
1. Ако константно во животот се борите со некои проблеми, тоа може да биде знак дека имате некој кармички долг. Кармата на тој начин се обидува да ви сугерира дека некои работи во својот живот треба да промените.
2. Ако вашиот живот секогаш ве води кон луѓето на кои им е потребна вашата помош и грижа, кармата на тој начин ви сугерира дека можеби треба да го вратите долгот на себичност или понизност така што на другите ќе им направите некоја услуга и ќе им помогнете.
3. Ако постојано обновувате однос со некоја личност, постојано се разделувате и составувате тоа значи дека кон таа личност имате некој долг кој мора да го вратите. Можеби мора да научите нешто од таа личност за да можат вашите идни врски подобро да функционираат.
4. Можеби сте се нашле во ситуации кои укажуваат на вас самите, вашата енергија или начин на размислување. Тоа може да укажува на фактот дека моментално го зголемувате својот долг во овој живот. Често тоа произлегува од вашето пропуштање да го цените животот, љубовта и себе. Ако се борите со пронаоѓање на мотивација и смисла во животот можат да се појават различни ситуации кои ќе ве тестираат. У
ниверзумот константно ќе ве поттикнува да продолжите да ги учите лекциите со кои ќе го почувствувате духовниот раст. Откако ќе го платите кармичкиот долг, слободни сте да живеете и да го продолжите својот следен живот се додека не ја достигнете повисоката духовност. Сите се ваши одлуки, како и последици.
Leave a Reply