Жената не можете да ја импресионирате со лаги – 5 лаги кои мажите ги изговараат на првиот состанок

Не лажат сите мажи на првиот состанок, но многу од нив признале дека тоа често го прават. Некои од нив немаат лоша намера, само не се подготвени да откријат некои работи за себе. Некои мажи лажат затоа што се несигурни, другите се плашат дека можеби нема да му се допаднат на жената, всушност постојат многу причини поради кои мажите лажат на првиот состанок. Еве некои од најчестите работи за кои мажите лажат.

1. Лажат за својата работа. Често не лажат за браншата во која работат, но лажат за важноста на својата работа. Мажите знаат дека жените бараат партнер кој е во состојба да се издржува себе и своето семејство. Поради тоа често лажат за своите одговорности, титули или дури за својата заработка. Понекогаш сакаат да ја импресионираат жената така што лажат за важноста на својата работа и висината на својата заработка.

2. Лажат за своите години. Ова е посебно изразено кога мажот се забавува со жена која сака да го импресионира и каде постои голема разлика во годините.

3. Лажат за својата стамбена ситуација. Жените воглавно не сакаат да излегуваат со мажи кои сеуште живеат со своите родители. Мажот кој лаже за тоа каде живее можеби има намера во скоро време да ја промени стамбената ситуација. Ако тој инсистира да одите кај вас на дружење и никогаш нема ве покани да дојдете во неговит дом, значи дека не е сам.

4. Лажат за бројот на партнерки. Ретко кој маж ја зборува целата вистина за тоа колку сексуални партнери имал пред вашиот прв состанок.

5. Лажат за своите сериозни врски. Не само што ќе ја сокрие вистината за своето сексуално минато, туку веројатно нема да ја каже целата вистина за бројот на сериозни врски во кој бил.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading