Зошто мажите губат интерес за жените?

Многу жени премногу им се посветени на мажите во врската, а кога таа ќе заврши дури тогаш сфаќаат дека се дадоа премногу себе. Александар Шаков, социјален психолог и стручњак за семејни односи го изнесе своето мислење за овој проблем.

Според неговото мислење мажот ја бира жената која е поинаква од него. Бира мирна и нежна жена на која и’ е потребна заштита. Тој свесно сака да се прилагоди на својата околина и да ја направи пријатна како за себе, така и за својата жена. Многу мажи во тоа претеруваат па од најдобра намера прават работи кои штетат во односите. И’ кажуваат на жената што треба да прави, како се готви, како да им испегла кошула и слично. Жената која има ниска самопочит почнува да подлегнува на неговиот впечаток и почнува да прави се’ она како тој што ќе каже од страв дека ќе биде оставена.

Многу жени се трудат да им угодат на своите мажи што е можно повеќе, а при тоа забораваат на себе. Се претвораат во куварки, дадилки, домаќинки, а забораваат на жената во себе. Многу жени им го посветуваат цел живот на мажот и се надеваат дека тој тоа ќе го цени и ќе биде благодарен за тоа, но се случува спротивно.

Кога жената ќе се изгуби себе, своите граници и ќе престане да постои како личност, мажот престанува да ја забележува. Тој повеќе не ја гледа онаа привлечна жена која еднаш го освои, туку гледа досадна сопруга која почнува да го гуши со својата желба да му угоди. Токму од таа причина жените кои им дадоа се’ на своите мажи се оставени.

Кога на мажот ќе му стане досадно покрај својата жена, тој ќе побара некоја со која повторно ќе му биде забавно. Од тие причини жената треба да води грижа за себе и за својот изглед. И да работи на себе. Тоа позитивно ќе влијае на нејзината самодоверба и самопочит. Жената мора да постави јасни граници и да се преиспита себеси и своите потреби.

Исто така, жените мора повеќе внимание да посветат на машката психологија. Многу жени не ги разбираат мажите и сакаат да им дадат она што тие го сметаат дека им е потребно, а забораваат дека мажите и жените немаат исти потреби. За здрав и среќен однос во бракот не е потребно искуство, туку голема количина на разбирање помеѓу партнерите.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: