Има ли смисла да се биде во врска со оженет човек?

Често жените стапуваат во врска со оженет маж кога се уморни од осаменоста и сеуште не сретнале маж со кој можат да градат дом и семејство. Тогаш најчесто се појавува оној кој знае да се однесува со жените, кој е формирана личност и кој е многу интересен. Таков маж е тешко да се заобиколи, посебно ако и тој сам покажува голем интерес за вас.

Кога ќе се најдете во врска со оженет маж мора да бидете храбри и отворено да го прашате кои му се намерите. Ако ви ја каже вистината, ќе знаете што може да произлезе од таа врска. Постојат случаеви кога од врска со оженет маж ќе се појави убав однос, подоцна и брак, но тоа не се случува така често.

Предности и недостатоци на врската со оженет маж директно зависат од неговите намери. Ако мажот бара само забава и ве избрал вас, можете тоа да го сфатите како комплимент, бидејќи во такви случаи мажите бираат само најдобро. Другата предност може да биде задоволство кое го имате со тој маж. Тоа и не е многу ако ги земеме во обзир недостатоците кои можат да се појават подоцна.

1. Врската со оженет маж може да биде прилика да си докажете себеси дека сте подобри од друга жена. Некаде потсвесно сите ние се споредуваме со некој друг, а некаде во длабочината на нашата душа секогаш се радуваме кога сме подобри од некој друг.

2. Се додека вашиот оженет маж останува во брак вие имате право да излегувате со други мажи. Во други околности тоа не можете.

3. Што и да се случи во вашата врска секогаш можете да го обвините својот оженет маж бидејќи ве повредува затоа што не ве бира само вас и останува во брак со својата жена. Тогаш на сите начини ќе се обиде да ја поправи работата и ќе направи се’ што ќе посакате.

4. Додека имате статус на љубовница не сте должни да ја запознавате неговата родбина и дали ќе и’ се допаднете на неговата мајка. За некои жени тоа е голем плус.

5. Врската со оженет маж е меч со две оштрици. Секогаш е непредвидливо и опасно. Овај однос е токму за такви личности кои сакаат ризик и непредвидливост. Сите жени кои стапуваат во врска со оженет маж порано или подоцна ќе почувствуваат грижа на совест и вина. Без оглед кој е иницијатор на врската, останува фактот дека е растурено едно семејство, а вие сте директно вплеткани во тоа. Ставете се на местото на сопругата – дали сакате да бидете изневерени, некаде во друга реалност, вашиот маж да има љубовна приказна ама без вас.

Важно е да се истакне дека оженетите мажи често не го напуштаат семејството, дека таа врска може да се прекине секој момент и тогаш ќе останете сами и повредени. Главниот недостаток на врската со оженет маж е што мора да го делите со друга жена. Имајте на ум дека мажот кој е во брак никогаш во потполност нема да биде ваш, нема да ви даде потполна подршка, нема да ви даде сигурност, па добро размислете која е целта на таа врска. Најважната работа која треба да ја сфатите е дека тој не ви припаѓа вам и дека ова не е врска туку афера и ќе трае се додека мажот не направи избор. Во чија корист ќе биде направен изборот големо е прашање. Запомнете која врска се гради на неверство, мали се шансите дека тоа ќе излезе на добро.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: