Многу мажи стануваат вистински мажи дури кога ќе доживеат прв вистински неуспех во љубовта. Дури тогаш сфаќаат дека во животот не е баш сјајно и дека љубовта често е заменета со материјална корист. Вистинскиот маж знае да ги цени вистинските вреднисти и затоа имаат свои правила чија цел е да ги заштити, што на многу модерни жени не им оди во корист.
1. Тие бираат. Многу жени живеат во уверување дека тие ги бираат мажите, меѓутоа вистинските мажи тоа не го дозволуваат и тие се тие кои бираат. Без оглед колку некоја жена е успешна и привлечна за мажот, нема да се впушти во врска со неа ако е арогантна и себична. Вистинските мажи комуницираат само со жени покрај кои се чувствуваат пријатно, а ‘некои други’ ги бараат жените кои се привлечни и кои сакаат мажите да трчаат по нив.
2. Вистинскиот маж не трча по жена. Како што рековме, вистинскиот маж ќе влезе во врска само со онаа жена покрај која се чувствува пријатно. Нема да трча по жена без оглед колку му се допаѓа. ‘Слабите’ трчаат по жените и молат за нивно внимание. На вистинскиот маж му е потребна жена која е заинтересирана за него подееднакво како и тој за неа и која во него нема да гледа само материјална корист.
3. Не купува скапи подароци. Ова не значи дека вистинскиот маж нема да и’ купи подарок на својата жена, но нема да фрли многу пари. Тој знае дека ако веднаш на почеток на жената и’ купува скапи работи, во иднина таа може да бара уште повеќе.
3. Прифаќа дека има некој подобар од него. Вистинскиот маж не се споредува со другите, освен ако му е потребна мотивација да направи нешто подобро. Многу жени отворено ги споредуваат своите мажи со други мажи мислејќи дека така ќе ги поттикнат да направат нешто повеќе, а не знаат дека со тоа прават штета на нивната самодоверба и самопочит. Вистинската жена никогаш нема да направи такво нешто. За неа нејзиниот маж е секогаш најдобар.
Leave a Reply