Озборувањето е одраз на некултура или бонтон за секоја вистинска дама

Секоја жена која сака да остави добар впечаток треба да ги познава основните правила на убаво однесување

1. Ако го заборавивте името на вашиот соговорник не се воздржувајте да го прашате повторно за име. Подобро е повторно да се праша, отколку да му се обратите со погрешно име.

2. Ако некој го изговори вашето име погрешно, поправете го веднаш за да ја избегнете понатамошната непријатност.

3. На свечена вечера дама не треба да ја надополни својата чаша со пијалок сама. Замолете некој маж тоа да го направи за вас.

4. Ако сакате да ја напуштите забавата едноставно повикајте го домаќинот и соопштете му дека заминувате. Не се поздравувајте со сите бидејќи може да биде знак дека и другите треба да си заминат.

5. Ако треба да ја поправите шминката направете го тоа во тоалетот а не на масата.

6. Прегласно смеење едноставно е навредливо.

7. Годините, политичките и верските определби задржете ги за себе.

8. Никој не сака кога некој непрестано се фали.

9. Вистинската дама треба ги контролира своето пиење. Тешко е да се остане елегантен по повеќе чаши пијалок.

10. Одбегнувајте озборување и трачарење. Тоа е одраз на некултура.

11. Секогаш бидете љубезни. Ова е едноставно правило кој го прави светот посреќен и пристоен и никогаш нема да ја изгуби важноста.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: