Само будала прави два пати иста грешка- Не му се враќајте на бившиот поради 7 причини

Љубовта е во состојба да победи многу работи, вклучувајќи и лоши спомени. Меѓутоа, постојат неколку причини своите емоции да ги држите под контрола и никогаш да не му се вратите на бившиот, без оглед колку тоа се чини како добра идеја на прв поглед. Жените се познати по тоа дека лесно простуваат, па некои постапки јасно покажуваат дека таа личност дефинитивно не треба да се врати во вашиот живот.

1. Јасни знаци на манипулација. Ако вашиот бивш партнер се обидувал да манипулира со вас и ве убедувал во случки кои никогаш не се случиле и ја носат во прашање вашата здрава проценка, таквата личност не ви треба во животот. Лажењето е полошо, а манипулација со лагите е уште полоша.

2. Постојано ве критикува. Кавги и расправии се составен дел од врската и често се неизбежни бидејќи немаме сите ист поглед на врската. Меѓутоа, голема е разликата кога партнетот ќе ви каже дека во нешто грешите и кога ќе ви каже дека сте глупи. Вашиот партнер може да ги критикува вашите постапки, но не и вас самите. Ако бившиот го напаѓа вашиот карактер, ја напаѓа вашата самопочит и не ве почитува, тогаш не вреди да му се враќате.

3. Ако бил неверен. Никогаш не треба да му се враќате на партнерот кој е неверен. Таквите личности не се менуваат.

4. Вети дека ќе се промени, но ниту се обиде. Илјада пати ви вети дека ќе реши некои од своите лоши навики, но никогаш ниту најмалку не се потруди да ги реши. Тоа само значи дека личноста не сака да стане подобар партнер. На такви луѓе не треба повторно да му верувате.

5. Никогаш не се извинува. Ако вашиот партнер направи нешто што ве загрозува вас и вашите сакани, а при тоа не чувствува ниту најмала грижа на совест, таква личност не ви треба во животот.

6. Не се грижи за вашите потреби. Во вашата врска на крајот сфаќате дека вашите желби се исполниле дури откако се поклопиле со неговите. Но, штом сте посакале нешто друго почнале расправии без крај во кои немало место за компромис.

7. Не знае како да сочувствува. Она на што треба да обрнете внимание во овој случај не се зборовите, туку делата. Ако зборовите кои вашиот партнер ги изговора не се испратени со дела, таква личност во себе нема ниту ронка сочувство и искреност.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: