Некои луѓе се подготвени да го уништат семејството и бракот само за да уживаат во еден момент на задоволство. Иако многумина веруваат дека неверството е знак на предавство и морална изопаченост, причини за неверство често се посложени. Некои луѓе се однесуваат по веќе познати обрасци и не знаат поинаку. Можеби нивните родители живееле во брак во кој еден бил неверен, па немале од кој да научат поинаков облик на однесување.
1. Нивните родители биле неверни. Многу луѓе растат во семејство во кој еден од брачните партнери е неверен и нивниот брак завршил со болен развод. Тие луѓе воглавно себеси си ветуваат дека никогаш нема да живеат таков живот и нема да му прават на својот партнер она што неговите родители си правеле еден на друг. Меѓутоа, многумина ќе ја направат истата работа која ја направиле нивните родители.
2. На тој начин се обидуваат да ја саботираат врската. Многу луѓе се заглавуваат во врска покрај партнер кон кој немаат повеќе никакви чувства. Во нивната врска исчезнало почитување и се појавил презир, но не знаат како да ја напуштат таа врска. Тие аферата ја гледаат како совршен начин да ја саботираат врската. Се надеваат дека нивниот партнер ќе го открие нивното неверство и дека ќе го напуштат.
3. Мислат дека со неверството ќе ја спасат врската. Многу луѓе не ја добиваат онаа количина на нежност и внимание од партнерот која им е потребна и тогаш своето незадоволство во врската се обидуваат да ја надоместат со афера. Многумина во тоа успеваат, но многумина многу губат.
4. Не можат да одолеат на искушението. Многу луѓе го имаат тој проблем што не можат да ги контролираат своите нагони и не можат да му одолеат на тоа искушение. Тоа ви е исто кога не можете да престанете да јадете чоколадо или да пиете кафе. Знаете дека тоа не е добро за вас, но сеедно тоа го правите. Исто така и луѓето кои изневеруваат знаат дека тоа не е добро за нивната врска или брак, но сеедно не можат да му одолеат на искушението.
Leave a Reply