Нема да видиш колку се другите лоши додека не пронајдеш некој кој знае да сака

Како и многу луѓе во врска, ниту јас ведаш не сфатив на почетокот дека тој лошо се однесува кон мене. Бев искрено вљубена и мислев дека и тој е во мене.

Ми беше се’ во животот, го сакав безусловно и искрено. Каква е разликата во тоа што секогаш морав да ги оправдувам неговите постапки кон мене? Каква е разликата во тоа што морав да се занемарам себе и своите граници само да не го повиси тонот кон мене?

Не знаеше да се носи со своите чувства и ме обвинуваше мене што не може да ги искаже до крај, колку и да се претерани. И тогаш само го пуштив, неговите чувства толку дојдоа до израз, што знаев да молчам и да се гушам во своите солзи додека викаше на мене или само ме игнорираше тотално, од страв да не го изгубам.

Тоа не го сфатив како негово лошо однесување кон мене. Мислев дека заслужувам така да се однесува и дека јас сум виновна за се’. На крајот призна дека проблемот е навистина во мене и дека тој се однесува така само поради мене.

Почна пополека да се дистанцира од мене. Еднаш замина во прошетка со пријателите и се врати дури другото утро, со коментарот дека тоа беше одмор од мене. Не го сфатив тоа како лошо однесување, бидејќи имавме и добри денови во кои бевме среќни. Не ме изневерувше, а јас чувствував некоја благодарност кон него поради тоа.

Кога пријателите се обидоа да ми укажат на тоа дека треба да го напуштам, не сфаќав зошто тие така мислат дека е паметно. Сметав дека ако не крава рака на мене и не ме изневерува со друга, дека тоа е добра работа и дека јас тоа го заслужив. Ми купуваше цвеќе кога ми беше роденден, а јас и поради тоа се чувствував посебно.

На крајот го завршивме нашиот однос и врска. Тој прекина со мене. Јас едноставно сакав повеќе време да поминуваме заедно, но тој рече дека е премногу.. Си замина од мене и јас останав сама да страдам, сметајќи дека се’ ова беше моја грешка и дека сум виновна за се’. Се додека не го запознав него, мојата нова љубов.

Се обвинував себе за се’, се чувствував искористено во минатата врска, ја изгубив вербата во љубов, но мојата нова љубов ми ги отвори очите и ми укажа на тоа дека сум вредна за нова и чиста љубов и благодарна сум за тоа што ми покажа дека љубовта не мора да биде болна.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: