Манипулаторите секогаш знаат што да кажат за да стекнат контрола над вас. Во својот говор користат едноставни фрази и зборови кои толку моќно звучат, бидејќи знаат да го одберат вистинското место и време кога да ги кажат.
Потребно е многу време за да сфатите дека некој манипулира со вас и обично веќе долго сте во таква токсична врска пред да сфатите кои се неговите вистински намери. Но со помош на овие 4 фази, ќе успеете полесно да сфатите дали некој манипулира со вас:
‘Без потреба правиш хистерија и драмиш’. Мнипулаторот сака да ве убеди дека сте вие таа личност која навистина прави грешки, дури и ако не сте виновни. Ве проверува и сака да ви покаже како се’ измислувате и умислувате.
‘Јас тебе те разбирам што зборуваш, но јас ќе ти покажам што е најдобро за нас’. Во почетокот се усогласува со вас во се’ и ви дава до знаење дека се грижи за вашите чувства и со својата емпатија кон вас добива на време да ве изманипулира во своја корист.
‘Јас тебе никогаш нема да те повредам’. Манипулаторот никогаш не ги открива своите вистински планови, бидејќи така рескира да го оставите. Но, се преправа дека сте прекрасна личност која ништо нема да ви направи или да ве повреди, па дури и ако се случи тој да е за нешто виновен, ќе се извлекува на тој начин што од себе ќе направи жртва.
‘Ти се извинив, не разбирам зошто сеуште си ми лута’ . Манипулаторот најдобро знае како да се поигра со вашите чувства, знае точно што да каже и во кој момент тоа да го каже, бидејќи ве познава и знае дека ќе успее да ве натера да му простите. Многу добро знае во каква ситуација треба да ви се извини и со тоа да ве натера повторно да почнете да му верувате. Меѓутоа, неговите извинувања кон вас никогаш не се искрени, бидејќи тој само сака повторно да ве контролира и манипулира.
Leave a Reply