Имаш право да бидеш тажна, уплашена и збунета

Често се прашувам зошто луѓето некои емоции ги одобруваат, а некои не. Во ред е да се биде љубезен, среќен, здрав, но не е во ред да се биде тажен, беспомошен и изгубен.

Некои чувства се сметаат за негативни не затоа што се лоши, туку затоа што е тешко да се доживеат. На патот кон зрело согледување на себеси постојат некои емоции кои не е лесно да се совладаат, а тоа се разочарување, тага, очај, немоќ, збунетост и страв. Тие чувства ни ја црпат силата и ни го запираат сето она што е позитивно околу нас.

На некои луѓе полесно им е да приговараат, игнорираат или да делат непотребни совети, отколку да им помогнат на некој кој се соочува со негативни емоции.

Запомнете дека имате право да бидете слаби, дури и ако сте најслаби од сите. Имате право да бидете беспомошни дури и ако излезот е многу блиску.

Имате право да не знаете и да не разбирате што се случува. Имате право да направите нешто глупо и бесмислено дури и ако не им се допаѓа на другите. Имате право да сакате она што никој друг не го разбира. Имате право да одите со свое темпо и пополека, дури ако другите ве притискаат.

Имате право да бидете замислени дури и ако некоја ситуација го бара вашето внимание. Имате право да бидете неодлучни, збунети, изгубени, уплашени и имате право да бидете обесхрабрени. Имате право да ги игнорирате знаците дури и кога тие порачуваат опасност пред вас.

Имате право да им дозволите на другите да ве користат дури и ако сте предупредени дека ќе ве искористат. Имате право да почувствувате болка и тогаш кога ги знаете начините како да ги избегнете или совладате, дури и ако другите ве критикуваат поради тоа и ви зборуваат дека сте слаби.

Имате право да верувате во лаги, имате право да бидете жртва. Имате право да бидете во заблуда колку што вие сакате. Имате право да делувате против своите интереси и само сте вие одговорни за тоа. Имате право да бидете несреќни, да застанете во развојот и да заостанувате позади другите.

Фактот дека имате право не значи дека треба да го искористите, но треба да се прифати ова право како дел од својата човечка природа и тоа право да се даде на другите.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: