Не можете да заслужите нечија љубов- таа или постои или не постои

Почитување, доверба и благодарност можат да се заработат или заслужат, но не и љубов. Безусловната љубов не треба да биде условена со ништо друго освен со фактот на вашето постоење. Дури и ако личноста се промени или погреши, тоа на никој начин не треба да влијае на љубовта. Љубовта најмногу им е потребна на децата, па родителите на тој начин често манипулираат со нив.

Често им зборуваат дека нема да ги сакаат ако не бидат послушни и добри. Поради тоа често се трудат да бидат добри за да ја заслужат љубовта на своите родители. Иста работа се повторува кога ќе пораснат. Се плашат дека ќе кажат нешто непријатно или не ги бранат своите ставови и мислења од страв дека ќе бидат одбиени.

Сеуште живеат во надеж дека ако бидат добри кон другите, ќе бидат прифатени и сакани. Многумина не сфаќаат дека без оглед на се’, нема да можат да ја заслужат безусловната љубов која првобитно не ја добиле од своите родители. Бидејќи ако постои љубов, таа не може да се сокрие и не е можно да не се подели со другите.

Ако нешто не постои, нема смисла да се обидувате тоа да го постигнете. Човекот мора да престане да ја оплакува загубата и неможноста да тргне по својот пат во потрага за љубов на друго место. Може да моли, плаче, но ако љубовта не постои нема смисла да се обидувате да ја добиете.

Она што можете да направите е да тргнете напред со својот живот и да се надевате дека ќе сретнете некој кој ќе ви одговара и кој ќе ви ја подари својата безусловна љубов. Некој ќе ве прифати онакви какви што сте и кој ќе ве сака такви какви што сте.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: