Најголема грешка која една жена може да направи е да му се врати на мажот кој еднаш ја предаде и кој не ја цени и почитува.
Меѓутоа, тоа често се случува и не е редок случај жената да му се врати на мажот кој ја повреди. Тие се враќаат и се надеваат дека нешто ќе променат и ќе забораваат на неуспесите и грешките. Се враќаат на старо со надеж дека ќе започнат се’ од почеток, од нула и дека сето она лошо ќе остане зад нив во минатото. Ако мажот првиот пат не го ценел и почитувал цел ваш труд, зошто мислите дека тоа ќе го направи сега?
Не живејте во илузија која ја создадовте во својата глава и немојте да живеете во соништа и во надеж дека вашата иднина ќе биде подобра. Со тек на време ќе сфатите дека повторно заглавувате со оној ист маж кој не го гледа вашиот труд и ќе се обвинувате себе за секоја ситница која се случува во вашата врска.
Не се носете повторно во ситуација да погодувате какви се неговите чувства кон вас. Не се носете во ситуација да размислувате какви се неговите намери и дали сака сериозна врска со вас. Не дозволувајте вашата душа да биде немирна и полна со сомнеж.
Да се одберете себеси понекогаш е најтежок избор кој мора да се направи, но често и она што ни е потребно. Бидете верни на себе, на својата суштина и својата смисла. Понекогаш е тешко да се пушти некој кој бил дел од вас, но понекогаш ни е потребно токму тоа.
Обидете се да го прифатите тоа како уште една животна лекција која ве научи колку е важно да се биде ценет, почитуван и сакан. Дури кога тоа ќе го сфатите ќе видите колку сте посилни и подобри отколку што можете да замислите
Leave a Reply