Понекогаш треба храброст да ја прекинеме врската, но и да останеме во неа

Копнеме за љубов онолку колку што на љубовта и’ се плашиме. Копнееме да бидеме забележани, онолку колку што се плашиме да бидеме забележани.

Копнееме по силна прегратка, нежни очи кои не’ гледаат со разбирање и сочувство, додека во исто време се обидуваме да избегаме од прегратката. За нас е тоа премногу ризично, премногу интимно и премногу искрено. Нема каде да се сокриеме.

Да се биде виден значи да се биде сакан, а нас не’ учеа дека љубовта е опасност. Оние кои не се сакани и посакуваат да се скријат, а истите тие копнеат по возбуда и ризик.

Несвесно не’ привлекуваат и одбиваат оние кои со нас комуницираат. Не’ привлекуваат оние кои не можат да не’ излечат, а понекогаш не’ привлекуваат и оние кои лошо се однесуваат кон нас.

Мислиме дека се вљубуваме во личноста, а често се вљубуваме во сликата која сами ја создадовме во главата, а која често нема врска со стварноста. Примаме љубов, а го губиме концептот на љубов. Стануваме и паѓаме. Тежнееме кон сигурност, а се среќаваме со несигурност.

Тежнееме кон слобода, а пронаоѓаме затвор, губиме надеж, а потоа повторно ја добиваме. Понекогаш е потребна храброст да се прекине врската, а понекогаш е потребна храброст да се остане во неа. Понекогаш е потребна храброст денес ништо да не направиме, а понекогаш е потребна и да признаеме колку страдаме.

Понекогаш е потребна храброст да признаеме колку сме среќни, да направиме чекор напред, понекогаш ни е потребна храброст, а ни сами не знаеме зошто. Се губиме себе и повторно се пронаоѓаме. Даваме повеќе отколку што можеме да земеме, исцрпувајќи се во име на љубовта или трчаме што побрзо можеме, исцрпувајќи се од бегството од љубовта.

Љубовта не е чувство, состојба или искуство. Не е одредиште. Тоа е светлина која свети во нас. Љубовта можеме да ја почувствуваме кога сме во пар, а можеме да ја почувствуваме и кога сме сами. Можеме да го делиме своето срце, да направиме чекор напред или чекор назад или можеме да останеме таму каде што сме.

Научете да го сакате овој танц на животот, спонтаност, авантура, мистерија, непосредност и блискост на овој танц. Научете да го прифатите незнаењето како ново знаење. Научете да бидете посреќни или несреќни, сигурни во неизвесноста на животот, но истовремено научете да да бидете заштитени. Научете помалку да барате љубов, а ваше е да подарувате. Научете се повеќе да барате присутност која ги повикува другите на иста дива радост,

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: