10 примери за дисфункционален брак

Дисфункцинален брак може да ви донесе многу проблеми и негативни искуства, а често блиските луѓе околу вас можат порано да забележат знаци откоку што вие ќе сфатите дека постои проблем.

Често ги занемаруваме очигледните знаци и дозволуваме проблемите да се натрупуваат. Имајте на ум дека лошиот брак нема лошо да влијае само на вас, туку ќе има и лошо влијание пред се’ на вашите деца, но и на другите луѓе кои ве опкружуваат. Еве некои примери.

1. Разочарување и фрустрација. Односот со вашиот сопруг не е ништо друго освен фрустрација, а вие се чувствувате дека рацете ви се врзани секој пат кога се обидувате да разговарате за тоа. И колку и да се трудите да ги поправите работите, не гледате напредок.

2. Лутина и горчина. Кога постои лутина и горчина која се собира во вас тешко е да се одржи здрава врска. Долготрајната огорченост обично е судир на вредности и премногу силно чувство на гордост, а тоа е нешто што може да има големо влијание на вашата врска.

3. Неодлучност. Еден е од јасните знаци на дисфункционална врска, кога сте често скептични во врска со однесувањето на вашиот партнер. Партнерот во еден момент може да биде пријатен, сочувствителен и шармантен, а во другиот спротивно од тоа.

4. Доминација. Дали една личност ги носи сите одлуки во вашиот брак, а една страна нема право на глас? Ако вашата врска има ред во која една личност го води главниот збор, бракот тешко дека ќе успее.

5. Постојана критика. Ако вашиот сопруг константно ве критикува и секогаш мора да водите сметка што зборувате и како се однесувате, тоа е знак дека сте заглавивле во токсичен брак.

6. Незадоволство. Жалбите произлегуваат од нерешени приговори и не е невообичаено една страна да се чувствува жртва на својот сопружник. Огорченоста може да го разори вашиот брак и да предизвика негова пропаст.

7. Нарушување на личните граници. Секој има лични граници кој ги создава за да се заштити. Кога овие граници ќе се преминат, ќе се чувствувате ранливо и несигурно. Нефункционалниот брак ги крши границите кои сте ги изградиле, а другата страна не ја интересира последицата на неговата постапка.

8. Отсуство на доверба. Довербата е едно од клучните работи на кои се гради бракот. Ако немате доверба еден во друг тогаш вашиот брак е на климави нозе.

9. Судири. Судирите се јавуваат во секоја врска, но начинот на кој се носите со тие судири ја дефинираат вашата врска. Токсичниот партнер, често својот партнер ќе го види како деструктивен и оној кој предизвикува проблем.

10. Неверство и предавство. Кога во бракот еднаш ќе дојде до предавство, често е тешко да се надмине. Некои студии покажаа дека само 30% од браковите опстануваат по неверството на еден од партнерите.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: