Ако мажот си замине, најверојатно ќе се врати. Обично, штом ќе почнете да се чувствувате подобро. Ќе намирисаат тие со своето посебно сетило, како ѕверки. Токму поради тоа, чувајте се за да не ве растргнат на крајот.
Кога романсата ќе заврши, поминуваме неколку фази: прво болка, потоа нова сила која ќе доведе до чувство на конечно ослободување и подотвеност за почеток на ново искуство.
Жените интензивно го проживуваат крајот на љубовта која ветувала, посебно кога чувствуваат дека многу вложиле во врската. Ако се оставени, раната ќе биде уште подлабока. Наместо тоа, мажите крајот на приказната ја доживуваат на друг начин. Всушност, машката врста веднаш не паѓа во очај.
Вашиот бивши ќе ужива со полни гради во првиот месец на ослободување, повторно ќе се роди млад дечко во него, ќе стане силен во новата улога, ќе ужива во моментите на ‘птица на гранка’ слобода со пријателите, ќе излегува, ќе шета, а потоа кога вие ќе се опоравите од првобитниот очај- тогаш со чувство на каење ќе се врати.
Еве зошто тоа се случува.
Во основа мажите се посесивни. Ви напиша порака после неколку месеци, рацете ви се тресат од возбуда и почнувате да размислувате и размислувате зошто тоа го направи. Дишете длабоко и држете се до она што пишува во пораката. Ако предлага повторно да се видите како пар, не треба да фантазирате.
Ако ве прашува како сте, само сака да ве праша како сте. Јасно? Не мешајте! Мажите се едноставни суштества, нема кај нив скриени пораки- што на ум, тоа на друм. Веројатно само сака да ја ажурира својата база на податоци по повод блесокот на носталгија и посесивност. Никогаш не го напушта посесивноста.
Сака да го напумпа своето его. Се враќа со многу нејасни пораки, повици, барања за состаноци без посебна намена. Едноставно не можете да разберете зошто тој продолжува да ве критикува и зошто сака да биде така присутен во вашиот живот. Ако е тој посебно несигурна личност, бидете сигурни дека му треба некој кој е подготвен да го напумпа неговото его. Многу е силно чувството кога знаеш дека некој можеш да го имаш кога ќе посакаш. И која личност може да му послужи, како неговата бивша која беше толку тажна поради раскинувањето? Држете ги очите широко отворени, неговите игри можат скапо да ве чинат.
Се враќа бидејќи му недостасувате или поради осаменост? Ако се врати после подолго време, запрашајте се дали тоа го прави поради вистинското чувство на недостасување и љубов кон вас или е осамен. Ако пронајдеше друга партнерка, дали без оглед на тоа ќе се вратеше? Ако одговорот е потврден, зошто тоа не го направи порано?
За да можете во потполност да ја разберете динамиката, треба да се сетите на причината зошто раскинавте. Често подгреаната сарма доведува до уште поголема загуба на време и енергија.
Leave a Reply