Како да се излезе како победник во распавија со мажот?

Кавги и распаравии се составен дел од животот, но не можеме баш секој судир да го решиме достоинствено. Постојат повеќе врсти на судири и секој од нив бара различен пристап.

1. Секојдневни ситни расправии. Овие судири воглавно се јавуваат кај парови кои се сакаат. Тие се решаваат сами од себе, најчесто во кревет.

2. Судир околу ресурси. Овде не мора да зборуваме само за финансиски ресурси, постојат и некои други ресурси кои се исто така важни. На пример време, тоа е нашиот најголем ресурс, а често го трошиме на погрешни луѓе. Кога некој ќе не’ вознемири со своето однесување тој го троши нашиот емоционален ресурс. Многу е важно да сфатиме дека овој е вид на судир во кој може да се најде решение.

3. Судир околу тоа -дека сте во право. Во некои ситуации, кога сме 100% сигурни дека сме во право, тоа сакаме и да го докажеме. Сакате другата личност да признае дека сте во право, но таа тоа го одбива. Овој вид на конфликт не се решава лесно и често завршува во слепа улица. Кога сакаме да бидеме во право, ние сакаме да покажеме дека сме подобри од оној кој греши.

4. Кога не сте виновни, а другата страна ве обвинува. Овие судири често не’ враќаат во минатото, на пример, девојка која нешто не може да му прости на бившиот, па тоа се проектира на сегашниот партнер. Овие судири тешко се решаваат и често бараат помош од стручно лице.

Ако сакте да го решите судирот пристојно и достоинствено, треба да се придржувате на следниве правила.

1. Судирот на мислења и интереси секогаш може да се реши на пријателски начин и без викање.

2. Одредете што е тоа што не можете да го толерирате. Дали се пари, време, љубов.

3. Што е тоа што навистина сакате? Дали сакате да пронајдете мир и решение за да ја одржите врската или можеби сакате да покажете кој е газда во куќата. Кога искрено ќе разговарате на ова прашање ќе знаете како да се однесувате.

4. Не сфаќајте се’ лично. Одвоете ја личноста од нејзините постапки.

5. Избегнувајте обвинувања, тврдења и прекор.

6. Разговарајте за своите чувства и емоции.

7. Не ги скривајте своите емоции. Имате право да бидете лути. Понекогаш тоа ни помага се’ да ставиме на свое место.

8. Јасно искажете ги своите желби. До судир најчесто доаѓа токму поради тоа што паровите јасно не ги искажуваат своите желби и очекувањето од партнерот да им ги чита мислите.

9. Поставете граници. Границите се многу важни во секоја врска и секој пар треба да ги постави и да ги поддржува.

10. Со игнорирање дека судир не постои, нема решение. Судирот нема да се реши сам од себе, не го туркајте под тепих.

11. Бидете флексибилни и користете 5 стратегии за решавање на судирот: борба, компромис, соработка, избегнување и прилагодување. Секој од нив може да биде погоден за одредена ситуација.

12. Ако вашиот партнер ги крши личните граници воведете санкции. Не ветувајте, не се заканувајте дека ќе направите ако вашите граници бидат прекршени, туку направете нешто по тоа прашање.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: