Секој од нас заслужува само она најдобро- како на правилен начин да се прифати помош од Универзумот

Кога на патот до своите цели ќе се соочиме со страв и сомнеж, постои едно силно корисно оружје кое можеме да го употребиме.

Да се тргне напред е сјаен начин да се носите со тие сомнежи и стравови. Само дозволете муна Универзумот да ги реши проблемите кои ве плашат. Што тоа всушност значи и како тоа да се направи? Тоа значи да се признае дека она во кое се сомневате или она од што се плашите може да одлучи и без вашето учество.

Секој момент нешто се случува без ваше учество, зарем не? Зошто предметот на вашата грижа не би бил решен на овој начин? Дозволете на работите да се случуваат и решаваат сами од себе. Факт е дека секоја секунда во животот ни се случува најдоброто можно сценарио.

Некои работи не сме во сосотојба веднаш да ги препознаеме, но со тек на време се’ доаѓа на свое место. Кога ќе ја превземеме на себе претерана одговорност за се’ што се случува околу нас, кога веруваме дека без нас ништо не може да се случи како треба, Универзумот почнува да не’ поддржува во тоа.

Тогаш привидната илузија на контрола го прави своето подмукло дело и станува тешко да се излезе од таа илузија. Мора да сфатиме дека светот постоел и пред нас и дека нема да се сруши ниту после нас. Мора да се соочиме со тоа и да му дозволиме на Универзумот да ја работи својата работа.

За да му дозволите на Универзумот да ве води и поддржува во вашите настојувања, почувствувајте и користете ги следниве фази во својот живот.

1. Со љубов и благодарност му дозволувам на Универзумот да најде вистински ресурс за мене или да го реши проблемот на најдобар можен начин за мене.

2. Со љубов и блгодарност кон Универзумот и кон себе се отворам кон прекрасни промени кои ме чекаат.

3. Со љубов и благодарнсот ја прифаќам секоја помош во Универзумот во моите нови настојувања.

4. Се обраќам со љубов и благодарност на Универзумот со желба оваа ситуација во која се наоѓам да се подобри.

5. Јас сум сакано дете на Универзумот и заслужувам се’ најдобро.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: