Човекот има право на своја болка и не треба на никој да му се правда за тоа

Сакам да ве потсетам дека ви е дозволено да се чувствувате како што се чувствувате. Не сте му на никој терет. Иако треба да водиме грижа да не ги празниме своите емоции на другите, но не треба ниту да се извинуваме за емоциите кои ги чувстуваме во даден момент.

Почувствувавте тоа што почувствувавте и таа болка е вистинска. Не е важно дали е тоа нешто што постои со години, месеци или денови. Дозволено ви е да кажете дека се чувствувате на одреден начин, без оглед што другите мислат и дали сметаат дека е ‘време’ тоа да го преболите. Вие имате свое време и не е на другите да ви го одредуваат.

Секако, тоа не значи дека можеме да кажеме што сакаме, иако знаеме дека тоа лошто ќе влијае на другите. Треба да се ставиме себе на прво место, но не треба да газиме преку луѓето во тој процес, односно да бидеме исклучително себични.

Но, доаѓа време и период во животот кога мора да застанете зад себе, да се застапувате себе. Можеби поминувате низ тежок период, можеби сакате да го задржите својот мир. Можеби ретроспективно поминувате преку работи кои ви се случиле и ви нанеле болка. Имате право на свои емоции. Не смеете да бидете личност која цело време ги поткопува сопствените чувства.

Поминавте низ нешто и тоа е сосем во ред. Потполно е во ред ако ви треба дистанцирање од луѓето и друштвото. Потполно е во ред ако треба да се повлечете од некоја ситуација и да одвоите време за сопствено лечење. Потполно е во ред да покажете дека не сте во ред, кога очигледно не сте.

Не бидете премногу напорни кон себе. Толку многу сите се бориме да ја задржиме фасадата на среќна личност и покрај немирот кој не’ опседнува. Дозволено ви е да се чувствувате како што се чувствувате и не треба поради тоа на никој да му се правдате. Знајте дека вашата ранливост не смее да биде посилна од вас, дури е во сосотојба и да ги зајакне другите.

Дозволено ви е да кажете ако нешто ве боли. Дозволено ви е да кажете дека не се чувствувате најдобро. Дозволено ви е да кажете дека ви треба време за лечење. Да плачете ако ве боли. Да му дадете одмор на срцето.

Дозволено ви е да почувствувате се’. Колку и да изгледа тешко и без смер, се надевам дека знете дека ниту една темница и ‘лоша сезона’ не траат вечно. Дозволено ви е тоа да го почувствувате и од сето тоа ќе оздравите.

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: