Зошто јадеме кога сме под стрес?

Односот на стресот и храната се проучува веќе некое време. Стресот моментално погодува голем дел од светската популација, кои се навлезени во глобализираното општество, кое бара се’ повеќе специјализирани и многу квалитетни луѓе за да се соочат и да ги решат работните, социјалните или емоционалните проблеми.

Hans Selye во 1926 даде прв дефиниција на стресот: ‘Тоа е неспецифичен одговор на телото на било која врста на стимуланс. Телото на сличен начин реагира на било кое случување, кое го смета за стресно и таа реакција ја препознава како неспецифична, без оглед на причината која ја предизвикува’.

Соочени со многу физичка и психолошка напнатост, телото поминува низ промени на физичако, биолошко и хормонално ниво. Во тој процес учествуваат речиси сите наши органи, вклучувајќи го и мозокот, нервите, срцето, варењето и мускулите.

Стресот се карактеризира со претерана активност на средниот, симпатичниот, парасимпатичниот, ендокриниот и имунолошкиот систем. Меѓу најважните физиолошки промени можеме да набљудуваме излачување на хормоните, како адреналин, неадреналин и кортизол.

Што го активира стресот во организмот?

Стресот се создава поради два фактори: надворешни дразби (како економски, семејни, професионални проблеми) и внатрешни (како болка, болест, чувство на инфериорност или некои психолошки пореметувања)

Долгорочно, оваа емоционална состојба директно му смета на нашето здравје, до таа мера што ја фаворизира појавата на одредена патологија или ја зголемува можноста за ненормално однесување во прехраната. Ова последното може да ги измени прехрамбените навики, поради што често јадеме кога сме под стрес, што е еден аспект за кој ќе зборуваме во овој текст.

Анксиозноста создава потреба за голтање на храна која го зголемува сератонинот или други неуротрансмитери за да се добие чувство кое го ублажува стресот, а тие продукти имаат тенденција да бидат слатка и масна храна. На тоа се додава фактот дека стресот го предизвикува растот на кортизолот, хормонот кој ги поттикнува насобраните масти.

Зошто јадеме кога сме под стрес?

Стресот може да го измени апетитот и гладот. Понекогаш постои дисоцијација помеѓу апетитот (воглавно психолошко чувство) и гладот ( во основа органско чувство).

Желбата за јадење може да варира во зависност од различните емоционални ситуации поради хемиски, васкуларни осцилации и импулси кои ги пренесуваат средниот мозок и други органи од нашето тело.

Самиот чин на земање на храна, ако е воден од емоции, доведува до конзумирање на храна како реакции на тие емоции, посебно ако тие емоции се негативни.

Ова однесување го карактеризира:

  • опсесија со храна
  • конзумирање храна
  • компулзивно јадење
  • продолжување со храна и покрај чувството на ситост
  • голтање побрзо од вообичаеното

Како на нас влијае фактот дека јадеме кога сме под стрес?

Во случај на стрес, некои луѓе имаат тенденција на конзумирање на храна со поголем гликемиски индекс, повеќе масти, повеќе калории, храна побогата со сол.

Стресот не влијае само на прехрабените навики, туку и на се’ што се крие зад метаболичкиот прехрамбен процес и чувството на исполнување на прехрамбените потреби. Последиците можат да бидат од друга природа: споро варење на храната, што може да поттикне пореметување кое може да биде хронично и да влијае на здравјето на човекот.

Луѓето кои се во најголем ризик да се прејадат кога се соочени со стрес, се луѓе кои јадат од емоционални причини и оние кои се најчувствителни и имаат склоност да бегаат во храна кога се чувствуваат анксиозно или емоционално преактивно или кога лошо се чувствуваат, обидувајќи се да го насочат своето внимание на хранта за да ги избегнат негативните чувства.

извор: ww.uniqorner.com

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: