Некои луѓе нема да ве ценат додека не си заминете.Додека не престанете да им давате поддршка која ја земаа здраво за готово, додека не престанете да им ги пишувате оние прекрасни пораки кои секогаш ги игнорираа, додека не престанете да ги чекате со раширени раце секој пат кога ќе тропнат на вашата врата и кога нема ниту секунда да чекаат да се јавите на нивниот телефонски повик.
Некои луѓе не разбираат колку ги сакавте, додека не сфатат дека е тешко да се најде некој кој ќе ги сака исто како и вие.
Кога не можат да најдат некој кој сака се’ она за кое тие се срамат, поради кои ќе се чувствуваат како дома, сигурни и заштитени од хаосот на целиот свет.
Ќе почнете да им недостасувате дури тогаш кога ќе ги заборавите. Кога ќе заборавите да им го честитате роденденот, кога ќе ја заборавите нивната омилена песна, нивните тајни.
Некои се обидуваат да победат дури откако ќе изгубат, кога ќе сфатат дека имате и други можности, кога ќе сфатат дека некој друг кон вас ќе се однесува подобро од нив, кога ќе сфатат колку биле себични.
Некои луѓе ќе се обидат да ви го привлечат вниманието, дури откако ќе престанете да го давате своето, кога ќе престанете да помагате секој пат кога ќе им затреба помош.
Кога ќе сфатат дека ве нема, бидејќи веќе ве изгубиле, бидејќи вашето трпение и разбирање ја помешале со слабост.
Некои ќе ве засакаат дури тогаш кога ќе престанете да сакате, кога повеќе нема да ги слушате нивните приказни и да го почувствуваат вашиот допир. Кога ќе видат дека сте се промениле и не гледате на нив како порано.
Кога повеќе не мислите на нив пред да одите на спиење. Дури тогаш се подготвени да го отворат своето срце кон вас, тогаш кога ќе одлучите да ги занемарите, бидејќи ви е доста од нивното несакање.
Некои луѓе повеќе никогаш нема да имаат прилика да ве сакаат, бидејќи вашето срце ќе му припадне на оние кои нема да посакаат да го изгубат, кои ќе направат се’ да ве задржат.
Leave a Reply