Кармички љубовен однос е романса која ја имаме со некој член на сопствената (душевна) група. Односно група која ги вклучува поединците кои со нас делат темелни обрасци на душата.
Тие се, всушност, наши блиски роднини на ниво на енергија и со нивна помош учиме многу лекции. Меѓутоа, односите со нив можат да бидат и тешки времиња во нашите животи, делејќи ни лекции на кои мора да бидеме подготвени.
Кармички односи- врста и карактеристики
Постојат неколку врсти од овие односи кои можеме да ги искусиме. Постојат оптимистични и позитивни, ќе сретнеме такви, но и оние каде работиме заедно за да можеме заедно да ги решаваме проблемите и да ја стекнеме целокупната расположлива мудрост.
Кармичките односи ги карактеризира заедничкото чувство на мисија- се чувствуваме како од нив да учиме многу работи или дека и тие многу работи учат од нас. Таквите партнерства се распаѓаат кога интернализираме мудрост која е достапна. Ќе сфатиме дека тоа се случува бидејќи во спротивно врската ќе биде како лепило кое не’ држи заедно, но повеќе не нуди таква смисла.
Најчестата врста на кармички односи е многу сирова и страствена. Во такви односи често се расправаме и непрестано се судираме на возбудливи, фрустрирачки и нови начини. Таквиот партнер ќе не’ предизвика. Нашето подобрување ќе произлезе од критика и ќе сакаме едноставно да го избегнеме просудувањето, ставајќи големо нагласување на развојот на нашето трпение. Кога таквите врски ќе завршат, секогаш едната страна на крајот ќе се почувствува многу повредено.
Следната важна врста на такви односи е онаа која ќе не’ научи на најтешките лекции. Таквите односи секогаш ќе се чинат значајни, а ние ќе имеме чувство како навистина да постигнуваме некој вистински напредок.
Меѓутоа, тие се краткотрајни. Вселената ќе не’ раздвои од различни причини. Емоционалните вештини и самоосознавање кои овде ги учиме и ги стекнуваме ќе ни послужат понатаму со соочување со одбивање, разочарување и загуби.
Која е смислата на кармичките односи?
Важна смисла на сите кармички односи, се сите оние лекции кои мора да ги научиме на нашиот духовен пат. Тие во нашиот живот ќе се јават за да ни дадат мудрост која се однесува само на нас.
Сите сме различни, па и нашите лекции се различни. Преку оваа одредена постапка, можеме да ја ускладиме својата енергија со нашиот идеал, подигајќи ги нашите вибрации додека се движиме напред кон просветлувањето.
Меѓутоа постои и друга смисла. Нашиот конечен кармички романтичен однос ќе биде со нашиот близначки пламен, така да смислата на сите оние претходни кармички врски е приготвување за тоа.
Всушност, вистинската разлика помеѓу лекциите кои ги учиме со нашите минати партнери и нашите близначки пламени би била тоа што со него (близначкиот пламен) сме подобро концентрирани и подготвени за напредување. Пред да стигнеме таму, мора да се решиме од сите овие трауми, проблеми и рани од нашето минато. Поминувајќи низ такви партнерства, станувајќи свесен за сите тие висини и низини, ние ги чистиме своите минати трауми, соочувајќи се со препреки кои ни се зададени.
Ние исто така им помагаме на нашите партнери на заедничкиот пат, се додека не дојде време да продолжиме понатаму сами, по нашата посебна и автентична патека.
Leave a Reply