5 причини зошто не можете да ја пронајдете љубовта на својот живот

Идејата дека постои ‘љубов на својот живот’ стана многу раширена. На овој или оној начин, тоа е современа верзија на митот за ‘подобра половина’.

Ова имплицитно ја воведува идејата дека постои голема љубов наменета само за нас и дека нашата улога е да ја побараме и да ја пронајдеме. Значи, ако не можеме да ја пронајдеме љубовта на својот живот, треба да продолжиме да ја бараме.

Нема ништо лошо во додавање на романтика во љубовта. Всушност, тоа само ја обогатува. Но, тоа станува проблематично кога ќе претпоставите дека не мора да градите љубов, односно да работите на неа, туку можете случајно да ја откриете некаде. И дека таа ќе трае за цел живот.

‘Тоа што не си сакан е обична несреќа. Голема е несреќа ако не знаеш да сакаш’- Алберт Ками

Проблемот со овој поим е тоа што луѓето можат да живеат во идеализација. Бидејќи идеалите постојат само во светот на идеи, но не и во стварноста. Затоа е вредно работите да се стават во соодветна перспектива. Еве 5 причини зошто не можеме да ја пронајдеме љубовта на својот живот.

1. Љубов на својот живот -не постои.

Првата причина зошто не можете да пронајдете љубов на својот живот е тоа што таа не постои. Не постои само една личност со која можете да бидете среќни во врска, ги има повеќе.

Секоја врска, колку и да е прекрасна, може да заврши. Не зависи од судбината или од непромостливите сили. Тоа е едноставно резултат на повеќе фактори. Најчести од нив се разочарани очекувања и потешкотии во созревање на другиот партнер во нашиот живот.

2. Нарцизам спречува прифаќање на различност.

Многумина мислат дека нивниот идеален партнер треба да биде своеврсно огледало од нив самите. Тие бараат некој кој е нивна сопствена верзија во друго тело. Очигледно е дека мора да постои солидна компатибилност помеѓу нив двајцата, но тоа не го трга фактот дека можат да постојат и дека ќе бидат големи разлики меѓу партнерите.

Ако не можете да пронајдете љубов на својот живот, можеби имате премногу лична претстава за љубовта. Можеби верувате дека големата љубов е онаа која ќе ги задоволи вашите потреби или желби. Но, што е со вас? Дали сте во можност во потполност да ги задоволите потребите и желбите на другата личност? Дали на се’ ќе гледате од перспектива која само вас ве допира, без да се земат во предвид гледањата на другиот?

3. Адолесцентско однесување

Многу луѓе сеуште веруваат дека ако некој ‘посебен’ треба да се ‘појави’, мора да имате пеперутки во стомакот, чукање на срцето и искри во очите. Некој кој може со самото свое присуство да ве донесе во рај. Се’ друго би било премалку или безначајно.

Овие фантазии се спомени на љубов од раната младост. Не е само љубов, туку и самата младост е таа која не носи до доживување на наклоност на овој начин, во оваа фаза. Но, младоста не се враќа, ниту љубовта повторно се чувствува како тогаш.

4. Способноста за врзување не се развива

Еден од најчестите причини поради кои можеби нема да пронајдете љубов на својот живот може да биде потешкотијата во врзувањето. Врзувањето не е едноставно. Тоа имплицира низа од загуби и претходни лечења. Исто така прифаќањето на фактот дека стварноста е непотполна и несовршена. Тоа е отфрлање на романтична фантазија, бидејќи е тоа рационален чин.

Понекогаш не сакаме да прифатиме дека стварноста има обични аспекти кои ‘не звучат’ како виолини. Компромисите не се компатибилни со идеализмот, само со реализмот. Немаат сите подготвеност со сето срце да се заземат за другиот. На овој начин ниту една љубов нема да го преживее времето и проблемите.

5. Постои опсесија од успех

Моментално постои голема опсесија со успех, посебно во професионалниот дел. Луѓето сакаат да се искачат на врвот. Повеќе пари, повеќе престиж, повеќе признанија. Единствен начин тоа да го направите е константно да вложувате време и енергија.

Во овие услови, голема љубов е тешко да се најде. За овие луѓе дури и љубовта завршува така што ја набљудуваат како нешто профитабилно. На ова место мора да откриеме една од големите тајни на вистинската љубов. Се вљубуваме во ранливоста и потребата еден за друг, а не во нивните постигнувања и успех.

Ако размислувате зошто не сте ја пронашле љубовта на својот живот, можеби треба да се запрашате – постои ли нешто за барање и да се пронајде. Всушност, не се работи за барањето, туку за изградувањето на односите. Не се работи да тежите кон тоа да бидете сакани, туку во развивање на взаемна љубов. Формулата за свестрана и среќна врска е така едноставна.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: