Меркур тргнува директно од понеделник и конечно можеме да одмориме!

Пристигнуваат убави денови, бидејќи Меркур наскоро престанува да се движи ретроградно. Во текот на ретроградната фаза Меркур го тестираше нашето расположение, емоции и знаење. Комуникацијата станува слаба, се губат пораките, се губат врските, се носат лоши одлуки.. Поголемиот дел од плановите во овој период стојат во место, но од 18 октомври негативното влијание исчезнува. Дознајте какви промени го очекуваат вашиот хороскопски знак.

Овен

Директниот Меркур во Вага ви носи сјајна енергија. Сите борби, судири и кавги исчезнуваат, а вие ќе ги извлечете лекциите и подобро ќе се разберете себеси. Вашите пријателства се подигаат на повисоко ниво. Се боревте и се чувствувавте безнадежно; сега ја знаете причината за таа борба.

Моравте да се борите за да ги изразите своите разлики и токму тоа ќе ве зближи.

Бик

Ретрограден Меркур навистина понекогаш може да биде суров, а вас најмногу ви влијаеше на полето на љубовта. Со Меркур во директен ‘од, комуникацијата станува појасна. Животот носи подеми и падови, а сега повторно чувствувате дека сте на врвот. Ќе успеете да ги решите проблемите со партнерот и во вашиот однос се’ станува поубаво, поискрено, слободно.

Близнаци

Со Меркур како ваша планета на владеење, во предходниот период бевте многу чувствителни.

Значи, она што ќе видите кога ќе тргне директно е промена на мислење- полесно ќе дишете, а тоа значи дека ќе бидете порасположени.

Директната енергија ви дава нова слобода, повторно пронаоѓате начин да бидете свои.

Рак

Она што ќе забележите кога Меркур ќе ја напушти својата ретроградна сенка е дека вашиот распоред одеднаш се враќа во ред.

Затворете ги оние прашања кои ви беа тешки. Пред се’, во односите со најблиските роднини и пријатели.

Но, не дозволете вашите сакани да ви се мешаат во односот со партнерот. Сочувајте го мирот во се’, а на работа следи добра организација.

Лав

Во ретроградната фаза Лавовите имаа тешкотии со технологијата, стекнување на знаење и презентирање.

Сега се’ се враќа во нормала и конечно можете да ги искористите работите кои ги научивте.

Љубовта е на ваша страна, бидејќи разговорите се поискрени, а емоциите појасни.

Девица

Девиците во текот на ретроградната фаза се трудеа да направат големи работи, но тапкаа во место збунето

Чекаа на успех, а тој не се случи. Ако имавте вакви проблеми, како и неволја со пари, ситуацијата се менува на подобро.

Финансиски ќе бидете добри од 18 октомври, а на полето на кариерата време е повторно да заблескате.

Вага

Постои голема шанса дека сте упропастиле нешто многу важно додека Меркур бил ретрограден, а се покажа и дека вашите грешки од минатото ве прогонуваат. Тие стари духови не можеа да седат во фиока, зарем не?

Па, изгледа дека имаа прилика да направат што поголема штета, а сега мора да ја затворите вратата од минатото засекогаш. Ова е ваша шанса да направите нешто сјајно. Сега е ваша прилика да сработите, да заработите пари и да станете креативни.

Шкорпија

Време е да закочите во сегашноста. Последниот ретрограден Меркур во 2021 година навистин не функционира добро во вашиот свет.

Имавте проблеми со комуникацијата, а на полето на финансии потрошивте многу пари за да залечите некои стари рани. Сега сте подготвени да го повратите она што го изгубивте.

Стрелец

Дефинитивно треба да направите планови за стапување во контакт со своите пријатели. Сега е време да се обратите на луѓето и отворено да кажете што мислите, дури и ако сеуште не сте толку блиски. Сега е време елоквентно да ги артикулирате свои идеи и да воспоставите врски со другите.

Квалитетната комуникација позитивно влијае на развојот на кариерата.

Јарец

Како Меркур се враќа во својот директен циклус, се враќате и во својот вообичаениот работен план.

Со Меркур во вашата десетта куќа на кариера и амбиција, конфузија и заборав во врска со вашата работа ќе почне да исчезнува.

Наместо тоа, ќе ви биде многу полесно да артикулирате и да ги пренесите своите идеи. Направете баланс меѓу љубовта и работата!

Водолија

Се будат желбите за патување, но и за комуникација со колегите и пријателите. Среќата ја пронаоѓате во самооткривање, во контакт со себе и сјајната енергија која ја имате.

Водолиите се познати по тоа што се единствени и напредни, затоа бидете сигурни во себе и занемарете ги туѓите негативни коментари.

Риби

Поминавте многу време во фантазирање за својот живот после направените промени, а сега е време да ги направите првите чекори кон тој сон.

Претходните денови беа предизвик, но директниот Меркур ќе ви исполни една желба.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: