Октомври е месец на силна енергија, време во годината кога треба да се поврземе со себе, да разбудиме во срцето искри на љубов и да ги раздвижиме брановите на добрите вибрации. Ако сакате да ја искористите магијата на октомври за личен развој и напредок во многу животни полиња, еве ги советите и сигналите на Универзумот. Дознајте каква порака добива вашиот знак во октомври 2021 година
Овен
Одлучете да ги направите промени кои ви се потребни. Само тие ќе ви помогнат за она што сакате.
Не поставувајте непотребни прашања за тоа што ќе се случи во иднината; престанете да се оптеретувате со размислување за непознатото.
Контролирајте се и борете се за своите соништа, радувајќи се на се’ што се случува.
Бик
Повеќе верувајте си себеси. На добар пат сте во животот. Страшната бура помина, се’ се смири и се појави силно сонце. Време е да научите повеќе да си верувате себеси и да ја искористите силната енергија за да се приближите кон среќната иднина за која толку многу сонувавте.
Близнаци
Кажете си себеси дека заслужувате повеќе. Универзумот има многу добар план за октомври!
Сакате да научите повеќе да се сакате и цените себеси, своите потреби да ги ставите на прво место, а не да се согласувате на помалку отколку што заслужувате.
Сфатете колку сте важни и не дозволувајте луѓето со вас да манипулираат.
Рак
Престанете да комуницирате со токсични луѓе кои ви ја крадат енергијата. Сега е вистинско време да научите дека во својот личен простор примате исклучително позитивни соговорници.Знаете што е вистинско пријателство и секогаш сте подготвени да им помогнете на другите, но мора да се заштите од негативната енергија.
Лав
Не се плашите од промени. Се одлучивте да го промените својот живот на подобро па ќе ги пребродите сите искушенија.
Мора да ја напуштите својата зона на комфор, но тоа не изгледа застрашувачки како што беше некогаш. Научете да не се плашите од промени- тоа ви помага да станете посилни.
Девица
Не се откажувајте да ги остварите своите соништа. Нема повеќе од што да се плашите- никакви препреки, промени, неуспеси не се застрашувачки. Соберете сила и борете се за право да живеете онака како што сакате.
Верувајте си себеси и не застанувајте, без оглед на тоа колку вашиот избран пат е тежок.
Вага
Кажете се’ што ви е на срце. Престанете да ги потиснувате своите мисли, чувства, уверувања, расположение.
Бидете јасни и искрени. Отворете го своето срце на оние кои се грижат за вас и кои апсолутно веруваат дека ќе успеете.
Шкорпија
Побарајте она што ве прави навистина среќни. Не губете време на работи кои не ви носат радост. Обрнете внимание на она што носи позитивна енергија.
Стрелец
Немојте да живеете во минатото. Мора помалку да размислувате за она што порано се случило за да се ослободите од болката и страдањето, да ги излечите старите рани и да продолжите понатаму. Научете да живеете во сегашноста, гледајќи во иднината со љубопитност и надеж.
Јарец
Сфатете дека вашата среќа не зависи од другите луѓе. Во октомври конечно ќе сфатите дека можете да бидете среќни без оглед на тоа како другите луѓе се однесуваат кон вас.
Не ви треба некој од надвор за да се чувствувате исполнето, задоволно, среќно, мирно.
Единствен однос на кој треба да обрнете внимание е односот со самите себе.
Водолија
Научете да кажете не. Дојде долго очекуваниот момент да размислите за себе пред да мислите на другите, ставете се себе на прво место, а не на оние околу себе.
Време е да кажете ‘не’ на работите кои ги сакате, луѓето кои не носат радост, навиките кои не водат во благосостојба.
Риби
Мора да сфатите што е навистина важно во животот. За вас почнаа многу важни промени. Приоритетите навистина ќе бидат поинакви, ќе сфатите колку енергија сте потрошиле на непотребни работи и како треба да се фокусирате на оние нови и на иднината.
извор: sensa. mondo5
Leave a Reply