Сфатив дека луѓето можат да ве спуштат на дното, дури и ако се обидуваат да ве кренат.. Сфатив дека кога разговарате со луѓето за она што ве мачи, тие често не се обидуваат да разберат од каде доаѓате, тие сакаат само да го слушнат сопствениот глас.
Сфатив дека луѓето не знаат секогаш како да ве утешат кога плачете или кога ве боли, бидејќи тие едноставно не ја знаат длабочината на вашата болка или она што се случува во вас.
Но, Бог знае, Бог ги разбира зборовите кои не можете да ги кажете, чувствата кои ве убиваат и размерите на вашата болка. Бог знае она што вие сеуште не знаете.
Сфатив дека луѓето ќе се обидат да ви кажат како треба да се чувствувате. Ќе кажат дека сте премногу емоционални или сте виновни што премногу очекувате или ќе најдат начин да ве обвинат за она низ што поминувате, бидејќи ако бевте попаметни, немаше да го правите тоа, немаше себеси да се доведете во таква ситуација.
Но, Бог не суди и не просудува. Бог слуша. Бог разбира. Бог не покажува со прсти. Бог знае што ви е во срцето.
Сфатив дека луѓето ќе изговорат работи поради кои нема да се чувствувате подобро. Не ве држат додека плачете, не ве проверуваат кога си одите дома, не ве повикуваат за да се уверат дека сте добро, бидејќи ги интересирате само до одреден момент, до одредена фаза.
Но, Бог останува со вас кога сите ќе си одат. Бог не е привремен. Бог нема да каже работи кои не ги мисли. Бог ви дава време и простор да се излечите пред да ве благослови. Бог ви одзема некои работи бидејќи планира да ви даде нешто повеќе од тоа.
Сфатив дека кога разговарате со луѓето за проблемите, тие прават да се чувствувате несфатено, прават да имате чувство како да не вие дозволено да бидете она што сте или да се препуштите на своите емоции. Сфатив дека луѓето ве сакаат само кога сте среќни и весели, а не кога сте тажни и кога ви е тешко. Сфатив дека луѓето сакаат да бидат со вас кога им е забавно и кога сте во добро расположение, а не кога сте тивки и на дното; а сфатив дека луѓето ќе бидат покрај вас уште некое време пред да тргнат понатаму и дозвалат да ги шмукне нивниот сопствен живот.
Бог ве прифаќа во потполност. Бог постојано ве приближува кон него бидејќи сака да научите дека без оглед колку луѓето ве сакаат, не можете да зависите од нив да ве излечат и не можете да очекувате да ви го поправат животот. Бидејќи Бог е единствен исцелител, тој е единствен мајстор и можеби сите ваши проблеми се само различни лекции кои можат да ве доведат до таа свесност и да ве доведат до заклучок. Бог е единствен кој може да ги реши вашите проблеми. Бог е решение за кое трагате.
Rania Naim поет и писателка
Leave a Reply