Водич за успешно флертување

Не е лесно да се направи првиот чекор кога некоја личност ви се допаѓа. Еве како на некој да му се доближите, а при тоа да се забавувате и да не бидете одбиени.

Пред да му пријдете на некоја личност и да се преставите, прво запрашајте се дали таа личност ви изгледа достапно. Дали изгледа дека сака да разговара со некој или со лицето порачува ‘не приоѓај’?

Некои луѓе едноставно имаат природен талент за флертување, додека на другите тоа им преставува вистинско мачење. Ако спаѓате во втората група, не се грижете, бидејќи тоа не е нешто што може да се научи. Со неколку совети, флертувањето и за вас ќе биде забавно, токму какво што треба да биде.

Прво, не поставувајте преголеми очекувања. Ако на пример, личноста која ви се допаѓа ја сретнете на улица, поздравете ја и прашајте ја за упатство како да стигнете до некое место во градот. Имајте на ум дека вашиот успех не зависи од одговорот, туку од тоа дали воопшто пробавте да направите контакт. За почеток треба само да вежбате како да остварите контакт. Потоа обидете се на личноста со која разговарате да и’ упатите комплимент.

Алати за успешно флертување

Важен е хуморот, бидејќи на секој тоа остава добар впечаток. Кога му приоѓате на некој, потрудете се да бидете духовити и гледајте тој коментар да не биде на граница на ласцивност, бизарност или било што што ќе ве натера да кажете; ‘Ма се шегував’.

Обрнете внимание на говорот на телото. Добро е ако личноста со која разговарате е свртена со лицето кон вас. Ако рацете и’ се прекрстени на градите, сака да побегне од вас.

Допирот е одличен за флертување, но треба да се користи само како додаток на интеракцијата. Најдобро е да се држите само на површен допир по раката и да ја пратите реакцијата на таа личност. Но, при допирот бидете многу внимателни, односно не се обидувајте со личност која воопшто не ја познавате. Кога ќе воспоставите контакт, ОК е допир по рака или рамена, но пратете ја реакцијата и ако ви се причинува дека е негативна- не го повторувајте допирот.

Пратете дали личноста која ви запнала за око, повеќе вас ви обраќа внимание отколку на другите. Исто така, добар знак е ако таа личност се приближува, сака да седне до вас, бидејќи тоа е знак дека сака флерт.

Не го занемарувајте контактот со очите. Ако контактот со очите трае три секунди или подолго, не станува збор за случајна ‘средба’, туку за флертување.

Заборавете на допишување

Интернет и сите социјални мрежи се само алат, но никако замена за вистинска, жива интеракција. Секогаш имајте на ум дека со пораки не можете да препознаете колку е некој навистина духовит, дали му светкаат очите кога ќе се слушнете.

Како да се извлечете

Му приоѓате на некој и сфаќате дека таа личност ни најмалку не е заинтересирана? Не е крај на светот, не се грижете. Најдобро е да му се заблагодарите на друштвото и да му посакате пријатен остаток од вечерта/денот, да кажете дека ви е драго што се запознавте. Значи, пријателски и љубезен ‘крај’, покрај тоа искрен, но кој не ветува дека нешто понатаму ќе се случи меѓу вас.

Зелено светло

Ако му приоѓате на некој, сфаќате дека имате доста заеднички интересирања и теми, делува дека добро ви оди и се прашувате што понатаму да правите, ево одговор.

Фокусирајте се на тој момент. Не си ставајте на врат размислување за тоа како ќе биде во брак и како ќе ви изгледаат децата. Значи, фокусирајте се на сегашноста и обидете се темата за која разговаравте да ја поврзете за можноста повторно да се видите.

Среќно и дозволете да ве разочара ако не биде се’ како што очекувавте.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: