Овен
Со добра проценка на можностите и правилен избор на соработници релативно бргу можете да ги остварите своите цели на професионален план. Понекогаш мора да делувате енергично или ултимативно во друштво на соработниците. Во својот препознатлив манир умеете да ги освоите симпатиите на различни страни. Кога сте добро расположени, имате впечаток дека ви се достапни најдобрите можности и тогаш обично бирате некоја доминантна улога пред својот партнер.
Бик
Постојат важни цели кои можете да ги остварите во разни фази или на некој заобиколен начин. Важно вие да осмислите добра професионална стратегија врз основа на која успешно ќе реализирате речиси се’ што замисливте. Продолжете да се однесувате доволно промислено во проценката на вистинските вредности. Ве очекува позитивен пресврт во љубовниот живот, партнерот ќе ве изненади на некој посебен и убав начин. Препуштете се на своите чувства да ве водат.
Близнаци
Размислувајте за промени на одредени критериуми и услови во договор со соработниците за да ја подобрите својата професионална позиција. Слободно можете да инсистирате на своите идеи, бидејќи имате веродостојни показатели за успех. Во својот емотивен занес подготвени сте да направите нешто посебно за да го импресионирате својот партнер.
Рак
Добрите идеи кои ги имате бараат и широка поддршка од онаа која моментално ја уживате кај соработниците. Се што сакате можете и да остварите, но со асистенција и нечија поддршка. Бидејќи сјајно функционирате во партнерство, потрудете се околу себе да ги соберете луѓето од доверба или углед. Доволно сте вешти или снаодливи да ја привлечете саканата личност на некои свои замисли. Нема причина да ве напушти доброто расположение, се наоѓате на чекор до заедничката среќа.
Лав
Се потпирате на своите преговарачки манири, бидејќи без добра промена, план или проценка нема ниту значаен професионален успех. Потребно е да се усогласите со своите соработници околу уважување на ралични интереси, за да околу вас ја почувствувате моралната и материјална сатисфакција. Внимание и разбирање која ја добивате во кругот на своето семејство делуваат многу стимулативно. Потрудете се да ги израдувате сите блиски личности на некој невообичаен начин.
Девица
Потрудете се успешно да ги спроведете сите свои идеи и планови во дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба и тим на проверени соработници за кои ве врзуваат заеднички интереси. Во љубовниот однос, не се обидувајте залудно да го менувате односот на партнерот или текот на работите кои не зависат од вашата волја.
Вага
Делувате многу амбициозно пред својата околина и на сите им давате јасно до знаење, дека не сакате некој јавно да ви се спротиставува по било која основа. Треба внимателно да ја процените ситуацијата која бара некој вид на ризик или поголемо вложување на пари. Неопходна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да воспоставите психолошка рамнотежа и прилив на креативна енергија. Партнерот знае лесно да ве поттикне на позитивна реакција или излив на емоција.
Шкорпија
Свесно го исполнувате својот дел на обврските и делувате многу ажурно при исполнување на разни договори кои ги имате со соработниците. Реално ги заснивате сите свои одлуки и нема причина некој да влијае на вашата професионална несигурност. Во односот со партнерот, нема потреба упорно да ги повтроувате ситуациите кои не носат посакуван ефект.
Стрелец
Благодарејќи на добрите идеи и стратегии кои ги спроведувате, делувате многу сериозно на своите соработници. Се наоѓате во сјајна прилика да ги остварите долгорочните професионални интереси. Умеете да се наметнете во вистински момент и често го водите главниот збор во преговорите. Важно е да ги поттикнувате двосмерните контакти. Случувањата кои ве пратат во љубовниот живот делуваат охрабрувачки. Чувствувате голем емотивен занес и задоволство во друштво на саканата личност. Ви годи нечија наклоност.
Јарец
Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати во своето професионално изразување, но постојат вондредни ситуации кои ги реметат вашите планови и професионалната концепција. Потребно е да се растеретите од додатни обврски, немате доволно енергија да се ангажирате на повеќе страни истовремено. Склони сте на чести промени на емотивното расположение, посебно на ситуациите кога партнерот делува отсутно или незаинтересирано за вашите идеи. Посакувате повеќе нежност.
Водолија
Во зависност од личниот интерес и мотивација која ја имате, осмислете некои нови или модифицирани решенија кои ќе ви донесат најдобри резултати. Потребни ви се разноврсни дипломатски манири или компромисна варијанта, како успешна формула која носи корисни и долгорочни резултати. Во љубовниот живот уживате во разноврсни ситуации. Во односот со саканата личност се’ станува можно, кога вашите чувства и мисли се поклопуваат.
Риби
Ситуацијата околу вас делува многу променливо и тешко е прецизно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се држите до проверените правила и да избегнете било која врста на ризик. Одложете некои напорни обврски додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе ве израдува постапка на некои блиски пријатели. Се наоѓате во фаза на емотивен полет, така да односот со партнерот го доживувате како остварување на своите ‘слатки соништа’. Препуштете се на своите чувства.
Leave a Reply