Досега можевме да слушаме и читаме само ‘женски правила’ а еве како изгледаат ‘машките правила’
1. Мажите не се читачи на мисли.
2. Научете да ја користите WC даската. Возрасни сте. Ако е горе, спуштете ја долу. Нас ни е потребна горе, вас долу. Ние не се жалиме што вие ја оставате долу.
3. Барај она што сакаш. Но, знај го ова: Нежни алузии не палат! Јаки алузии не палат! Јасни алузии не палат! Само кажи што сакаш!
4. Спорт во недела: тоа ви е како полн месец или осека и плима. Тоа е така.
5. Плачењето е уцена.
6. Да и Не се совршено прифатливи одговори на речиси секое прашање.
7. Нас обратете ни се само ако сакате проблемот да се реши. Тоа е она што ние правиме. Сочувствување очекувајте од своите другарки, тие и затоа служат.
8. Било што да рековме пред 6 месеци е недопустливо како аргумент. Всушност, се’ речено се анулира и станува неважечко после 7 дена.
9. Ако мислите дека сте дебели, тогаш веројатно сте. Не не’ прашувајте нас.
10. Ако нешто што сме рекле може да се разбере на два начини, а еден од нив ве прави тажни и лути, мислевме на оној другиот.
11. Можете да не’ прашате нешто да направиме или да кажете како сакате да биде уредено. Не двете. Ако веќе знаете нешто сами да направите подобро, тогаш направете го сами.
12. Ве молам, ако имате нешто да кажете, нека биде за време на рекламите.
13. Сите мажи гледаат само 16 бои. Кајсија, на пример е овошје. НЕ боја. Тиква е исто така овошје. Појма немаме што е тоа слезова боја.
14. Ако чеша, ќе биде почешано. Ние така правиме.
15. Ако прашаме што не е во ред, а вие ќе кажете ‘ништо’ ние така и ќе се однесуваме- како да е ништо. Знаеме дека лажете, така да не е вредни за расправа.
16.Ако поставите прашање на кое не сакате одговор, очекувајте одговор кој не сакате да го слушнете.
17. Кога мора да одиме некаде, што и да облечеш е убаво -Навистина!
18. Не прашувајте што мислиме, освен ако не сте подготвени да дискутирате за теми како што се фудбал, трки, кошарка и сл.
19. Имаш доволно гардероба.
20. Имаш премногу чевли.
21. Јас сум во форма и имам добра фигура. Округло е фигура!
Leave a Reply