Чекате некој да дојде и да ве спаси од минатото? Токму од тие причини многумина влегуваат во врска во која чекаат да дејде некој посебен, чија љубов се’ ќе избрише. Можеби и ќе дојде некој посебен, но таа личност не може тоа да го исбрише ниту да го промени. Тоа е ваша задача кон себеси.
Минатото, непресушна тема на животните приказни, сеќавања, емоции..Нема личност која нема зад себе некое минато.
Таа може да биде убава, болна, поучна, искуствена и ја носите со себе во секој момент на својот сегашен живот.
Сите делови на минатото кои останаа во сенка кога- тогаш излегуваат од фиока.
Од нив можете да побегнете дури на кратко додека некој звук, мирис, слика, некоја личност или настан не ве потсети на сите тие потиснати години. Кој дел од својот живот го ставивте во фиока далеку од другите, првенствено далеку од себе?
Дали е тоа детство, адолесценција, младост или некое друго време? Кое и да е време важно е да сте во мир со тоа.
Ако со самото спомнување на ‘нешто’ главата ви е полна со разни мисли, кнедла во грлото, грч во стомакот или ви се јавуваат солзи, тага, лутина, срам можно е некој дел од вас да стои во минатото и да чека да го погледнете.
Можеби тоа минато време е тешко да се погледне бидејќи е полно со тага, осаменост, болка, тешки ситуации, неразбирање од страна на другите, загуба и затоа сте сеуште во мрак.
Знаеме сите дека нема смисла да се гледа во минатото, бидејќи тука не може ништо да се поправи. Се’ додека има влијание на вашиот сегашен живот, вашите сегашни емоции и одлуки, очигледно не е само минато, туку постои и сегашност.
И за среќа може многу од тоа да се направи. Иако минатото не може да се врати и промени, но, токму сега и овде можете тоа да го исплачете и прежалите и да ја погледнете целата ситуација со други очи.
Можно е да чекате некој друг да дојде да ве спаси од минатото.
Токму од тие причини многумина влегуваат во врска во која чекаат да дојде некој посебен чија љубов сето тоа ќе го избрише.
И можеби ќе дојде некој посебен, но и таа личност нема да ви го промени или избрише минатото.
Тоа е ваша задача.
извор: Аtma
Leave a Reply