Kога тој ќе се активира околу вашиот однос?

Да, тој може да се активира околу вашиот однос. Само ако сака. Кога мажот е заинтересиран, тој тоа и ќе го покаже на сите можни начини. Нема да биде мрзлив и инертен. Нема да се прашаш што тој сака, а што не сака. Но, што ако на почетокoт беше активен, се трудеше, а сега повеќе не се труди? Се поставува прашањето: Кога тој ќе се активира околу вашиот однос?

Мажите не се вљубуваат во жени кои околу нив многу се трудат. Тие се вљубуваат тогаш кога ќе почнат Тие да се трудат. Се вљубуваат во онаа жена која знае да ги мотивира да се искачат на највисоката планина, за да го пронајдат патот до нејзиното срце.

Ако ова го сфатите на вистински начин, во вашиот љубовен живот ќе се случи вистински пресврт. Нема да верувате колку е всушност тенка линијата помеѓу љубовниот успех и неуспех и колку е всушност лесно да се добие љубов, среќа, да се биде обожавана од страна на вистинскиот маж. Но, уште е полесно да се замине во крива насока и да се изгуби драгоцено време кое не води никаде.

Зошто несвесно ја саботираме сопствената љубовна среќа?

Да, се’ ќе биде супер ако љубовта се случи како во романтичните комедии каде двајца ќе се запознаат, ќе се вљубат и среќно заминуваат на зајдисонце. Да, и филмовите прикажуваат мали трзавици и превирање на мажот кој не е сосем сигурен дека сака да се врзе.

Но до тогаш жената подготвено и одлучно изјавува љубов (иако се знаат десет дена) а тој многу бргу сфаќа (бидејќи таа многу го сака) дека и тој неа ја сака. Изјавува безусловна љубов и веќе знаеме дека ќе има хепи енд. Проблемот е што во вистинскиот живот така работите не функционираат.

Жените и мажите имаат поинаков тајминг по прашањето за врзување и тоа е најчеста причина поради која доаѓа до недоразбирање, ладење, дистанцирање, неисполнети очекувања.

Ако претпоставиме дека мажот е тој кој одеднаш се премислува за иднината на вашата врска, а тебе те обзема страв и не знаеш што ќе направиш – голема е веројатноста дека ќе повлечеш погрешни потези. Зошто? Затоа што се тие потези кои многу полесно се повлекуваат. На пример, кога ќе почувствуваш дека мажот се дистанцирал и сакаш што побргу да ги вратиш работите на слаткиот почеток, шансите се големи дека ќе почнеш да делуваш во тој смер.

Многу е полесно да делуваш, отколку да не правиш ништо. Многу е полесно да поставиш сто прашања и да инсистираш на одговор, многу е полесно да се правиш притисок, отколку другата страна да се преиспита.

Во тоа делување можеме да го вклучиме и претераниот труд, кога на машко ладно однесување одговарате со фантазирани ситници, возбудливи изненадувања, планирање и организирање на средби. Тоа се случува кога ништо не сакаш да му препуштиш на случајот и се бориш за љубов- но на потполно погрешен начин.

Кога тој ќе се активира околу вашиот однос? Кога ќе му дозволиш да се ангажира. Имено, мажите најповеќе се ангажираат, вљубуваат и општо се вљубуваат кога имаат простор за тоа.

Значи ли тоа дека треба да го толерирате лошиот третман, да седите и да чекате работите да се поправат? Не, тоа никако не. Секогаш треба јасно да ги поставите границите, тогаш кога ви се чини дека некој не ги почитува. Тоа е сосем друга приказна. Но, тогаш кога мажот престанува да вложува во вашиот однос, време е и вие драги дами да земете ‘годишен одмор’ од уверувања, наговарања, додворувања.

Секој маж е во сосотојба да се јави, да испланира средба или да приреди некое слатко изненадување. Проблемот е во тоа што тој тоа нема да го направи ако наместо него, тоа го направиш ти. Зошто да се трудиш ако неуморно работиш на подобрување на вашиот однос? За тоа нешто нема потреба- барем што се однесува до него.

За што се работи? Да, работите се многу едноставни. Мажите не се толку комплицирани. Дури ниту тие често не знаат јасно да дефинираат зошто чувствуваат дека ‘тоа не е тоа’ иако се работи за жена која на почеток многу им беше интересна.

Правата вистина е- мажот чувствува дека тоа не е тоа тогаш кога ќе спласне возбудата околу вашиот однос, а посебно тогаш кога ќе добие впечаток дека ти секогаш ќе бидеш тука без оглед на се’. Ако се однесува лошо и ако лошо те третира, а ти тоа го толерираш и уште му нудиш безусловна љубов и разбирање, очекувај дека ќе бидеш изиграна кога најмалку се надеваш. Ако мажот не те цени, со тебе нема да сака ништо сериозно.

Мажите копнеат за жени кои имаат јасен став и знаат да ги искажат своите желби, но при тоа им оставаат простор за залагање. Тој простор е клучен за да се љуби мажот.

Ова е толку едноставно, а многу жени повторно бираат потежок пат во кои тие се трудат, наговараат и уверуваат. И потоа се прашуваат – каде ми заминаа годините? Да, можеш и треба да бидеш обожавана.

Да, тенка е линијата помеѓу љубовниот успех и неуспех. Тогаш кога ќе се поставите на вистински начин, се’ оди лесно- бидејќи врските не се и не мора да бидат тешки. Одлуката за врзување не е така комплицирана тогаш кога мажот ќе почувствува дека врската со таа личност е нешто што ќе му го разубави животот.

Спротивно на тоа, ако слободата му делува многу примамливо и ако се чувствува присилен да влезе во врска, таа врска одеднаш го губи секој жар. Затоа имајте го ова секогаш на ум:

Мажот нема да го воведете во врска со разговор- на начин да го наговарате и да му ја објаснувате логиката околу врзувањето. Не. Мажите не влегуваат во врска поради логика. Пред било каков разговор за врска, мора да поработите на привлечноста – на физичко, интелектуално и емоционално поле.

Кога тој ќе се активира околу вашиот однос? Тогаш кога ќе му ја вратите улогата на маж, ќе му го покажете смерот во кој треба да се движите и да го пофалите на тој пат. Дадете му го чувството дека е силен, посебен, сакан и тој ќе ви даде се’.

Нели

извор: АPortal

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading