Поголемиот број на диети е фокусирана на што и колку треба да се јаде за да бидете слаби, а притоа се занемарува во кое време треба да се земе храна.
Меѓутоа, оние кои се хранат спред биоритмот постапуваат поинаку: јадат се’, но во строго ограничено време.
Биолошкиот ритам е циклична промена во работата на организмот. Секој орган и систем на органи има периоди на подеми и падови на активноста.
Значи, ако испланирате исхрана во согласност со нив, храната ќе ја варите десет пати подобро, а вашиот метаболизам ќе се забрза. За кратко време ќе забележите како тежината ви се намалува сама од себе.
Кога е најдобро да се јаде?
Врз основа на проучувањето на времето во кои органите се активни, нутриционистите направија општ план на исхрана.
Од 6 до 10 часот наутро цревата и желудецот се максимално активни. Токму во тоа време најдобро е да се доручкува и да се земе појака храна. Додека го подготвувате оброкот, напијте се чаша вода со лајче лимон и иста количина мед. Така му помагате на панкреасот и црниот дроб да се активираат.
За доручек бирајте храна богата со влакна, јагленохидрати и белковини: јајце, сирење, путер, интегрален леб, млечни каши од житарици со мед и овошје.
Тогаш храната во потполност ја апсорбира и ја претвора енергијата. Наутро не јадете овесна каша на вода или немасен јогурт-тоа е голема грешка. Вашиот прв оброк треба да биде кралевски!
Од 9 до 11 и од 11 до 13, панкреасот и срцето напорно работат. Тоа е време за ментални напори и лесна ужина. Чај со една рака суво овошје, овошен јогурт или банана ќе ви биде сосем доволен.
Од 13 до 15 часот, цревата и желудецот повторно се вклучуваат во работа. При тоа во организмот тогаш има многу амилази и протеази – ензими кои го разложуваат шеќерот и скробот. Тоа е време на активно упивање! За да ја задржите работната способност на исто ниво, поттикнете го организмот со порција (150г) посно месо, пилешко или риба, гарнирани со зеленчук.
Од 16 до 17 часот се активира системот за излачување: бешиката, потните жлезди. Согорување на мастите се зголемува. Поминете го овој час без храна. Тоа е идеално време за спорт. Не заборавајте да ја надоместите загубата на течности и испијте најмалку две чаши вода!
Помеѓу 17 до 19 часот време е за лесна вечера, да го задоволите гладот и да се опуштите. За овој оброк се најпогодни запечен зеленчук со риба или пилешко, младо сирење и незасладено овошје. Имајте на ум дека вечерниот оброк треба да биде половина од ручекот.
Нешто по 19 часот, органите за варење ја намалуваат својата работа. Во тоа време ензимите речиси воопшто не се лачат. И затоа, на време одете на спиење за да не почувствувате глад. После тоа организмот не треба да внесува ништо освен растителен чај.
Од 20 до 21 почнува да се лучи мелатонин- хормон кој организмот го подготвува за спиење.
Од 22 до 24 се зголемува концентрацијата на мелатонинот и хормонот на раст, кој е задолжен за раст кај децата и за метаболизмот кај возрасните. Оваа фаза на активно обновување и согорување на масти. Ако во тоа време спиете и не сте се прејале, за ноќ можете да изгубите и до 900 калории!
Не е тешко да се храните во согласност со биоритмот, а резултатот не се гледа само во бројот на изгубените килограми. Неспоредливо ќе се чувствувате подобро.
Leave a Reply