Кога жената ќе се разведе…

Кога мажот ќе се разведе или не дај Боже ќе остане вдовец, комплетното семејство и пријателите му даваат поддршка што побргу да се ожени, да најде некоја фина и добра жена која ќе му прави друштво, готви, пере…води грижа за него.

Кога на жената тоа ќе му се случи, неа не и’ треба никој. Така велат.

Не сме сите исти. Има жени, кои за да бидат комплетни, мора да имаат маж или постојан партнер. Една моја другарка велеше како не може да биде сама, па влегуваше во врски ‘да премости’ до оној вистинскиот.

Другата остана во брак со маж кој одамна не само што престана да го сака, туку и да го трпи, затоа што беше финансиски зависна од него. Третата не може самостојно да донесе ниту една одлука. Секогаш мора да добие потврда- од тоа што ќе се готви, до купување на чевли.

Секој дава она што има. Некој пари, некој поддршка, некој комплименти. Прашање е само дали тоа давање му одговара на потребите.. Ако се усогласи, тогаш супер. Мажот лесно ја открива нејзината тајна, т.е. знае што да прави за да биде таа задоволна, а можеби и среќна.

Има жени кои сами себеси си се доволни. Материјално ментално…на сите начини, 100%. Но, нив им треба уште 20% ‘нешто’, некоја сензација, нешто што ќе им ја поремети рутината.

Подароците ја оставаат рамнодушна, а него го сврстуваат во категорија ‘класично, досадно’. Но, ако подарокот се даде на невообичаен начин, тогаш нешто сосем обично, како еден цвет, станува мала сензација, добива ново значење.

Проблемите ги решава сама, но ако тој успее да и’ го сврти вниманието од проблемите, макар на кратко, тогаш станува нејзин природен седатив. Ако е умерен во комплиментите, ако тие не станат фрази..Тогаш тој е бинго.

Таа жена не е тајна.

Да се вратам на кратко на почеток. На секоја жена и’ треба некој на кого ќе може да се потпре.

Горица Нешовиќ

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: