Психолошко малтретирање: невидливите удари најмногу болат

Препознавање на злоставување е лесно кога е во прашање физичко насилство, но што е со психичко малтретирање? Тешко е тоа да се забележи, тоа е тивко малтретирање каде се’ се случува помеѓу двајца луѓе, додека светот тоа можеби не го забележува.

Многу често две врсти на злоставување одат рака под рака или дури може да дојде до психичко злоставување без физичко.

Психолошкото злоставување може потполно да ја уништи личноста. Како што се емоционално насилство, чувство на контрола или несакање. Тишина, ладен поглед или поглед на презир можат да направат многу штета.

Злоставувачот знае дека неговите зборови имаат голема моќ. Затоа ги користи. Всушност, психичкото злоставување е многу поефикасно од физичкото. Остава трагови и рани кои ќе траат со тек на време.

Многу луѓе тврдат дека тие невидливи удари нанесуваат многу штета од било какво физичко насилство.

Психолошкото злоставување вклучува зборови кои навредуваат, понижуваат и презираат. За почеток тоа може да биде речиси незабележително, бидејќи злоставуваната личност тоа не го сфаќа и пополека упаѓа во замката на злоставувачот.

– Психолошкото злоставување има за цел да ја покори личноста, а таа да не е свесна. Дали сакате да научите како да го препознаете психолошкиот злоставувач? Обрнете внимание на следните карактеристики.

– Тој ве навредува, вреска, исмејува и презира, чувствувајќи дека сте безвредни и дека животот ви е бескорисен. Тоа го прави на начин што понекогаш дури ви се чини дека се чувствувате благодарни што имате некој покрај себе кој е покрај вас без оглед на се’.

– Премногу е љубоморен и постојано ве прати. Вие сте негово најдрагоцено богаство, а воедно и она кое најмногу го гледа со презир: недоследност која ве збунува, но истивремено ве оддржува поврзан.

– Ве изолира од пријателите и семејството. Тој/Таа има контрола со кој се дружите и одлучува кога имате слободно време или не. Вие сте негова марионета. Повеќе не сте слободни, туку подложни на туѓите желби и хирови.

– Постојаните закани прават повеќе да се плашите. Можеби се заканува со напуштање или употреба на другите слабости.

– Емоционалниот и сексуален притисок кој го врши над вас ве прави да се чувствувате виновни. Во стварноста, вашето чувство на вина не се оправдани. Психолошкиот злоставувач спретно ги врти работите за да бидете вие виновни.

– Раните и модриците нема да бидат на вашата кожа, туку на вашата душа.

Вистина е дека е тешко да и’ се помогне на жртвата на психичкото насилство, затоа што таа сама себеси често не си дозволува да и’ се помогне. Понекогаш се работи за луѓе кои не сфаќаат дека се во оваа ситуација. Злоставувачот ги убедува дека ја заслужуваат оваа ситуација, веруваат дека не се добри луѓе и дека сами си го бараат.

Психолошкото злоставување е моќно токму поради тоа што се молчи: па како можеме да докажеме дека не’ малтретираат? Тоа ќе биде наш збор против зборот на злоставувачот, а има многу скептични луѓе кои ќе веруваат дека тоа го умисливме или дека полудевме.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: